Тања Андрејева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тања Андрејева
Лични податоци
Име и презиме Тања Андрејева
Роден(а) 17 јуни 1978(1978-06-17)(45 г.)
Скопје, Република Македонија
Спорт Ракомет
Висина 1.75 м
Тежина 71 килограм
Позиција Голман
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија ЖРК Металург
Број 16
Репрезентација 1
  Македонија Македонија 96 (2)
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат
за 1 јуни 2012

Тања Андрејева (родена на 17 јуни 1978) — македонска ракометарка. Таа игра за ЖРК Металург и за Женската ракометна репрезентација на Македонија.[1]

Игра на позицијата голман.

Тања започнача да тренира ракомет на 14 годишна возраст во малдинскиот тим на Ѓорче Петров. На 19 години во сезоната 1997/98 таа станала член на првиот тим на Кометал Ѓорче Петров. подоцна таа го напуштила клубот и играла за клубовите на РК Тутунски Комбинат од Прилеп и за РК Кале Кичево од Кичево. Во сезоната 2007/08 се вратила во Кометал Ѓорче Петров и со клубот ја освоила двојната круна. Следната сезона Тања направила трансфер во Србија во клубот на ЖРК Кикинда.[2] По една година повторно се вратила во Македонија, во клубот на ЖРК Металург.[3] Со ЖРК Металург успеала да ја освои Македонската лига и Македонскиот куп трипати по ред, од 2009 до 2012 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ЕХФ Профил“.
  2. Tanja Andrejeva u Kikindi! (српски)
  3. Тања Андрејева потпиша за Металург Архивирано на 5 септември 2012 г. (македонски)