Прејди на содржината

Етно-куќа „Мајка Ангелина”

Од Википедија — слободната енциклопедија

Етно-куќа „Мајка Ангелина“ — селско туристичко домаќинство во Гргуревци со куќа која е сочувана во изворната состојба и претставува пример за бројни куќи што некогаш се градениле низ целиот Срем во Србија. Добар дел од куќата е зачуван во првобитната состојба, како и подрумскиот простор и добар дел од мебелот. Домаќинството влегло во мастер планот на Војводина како културно-историско наследство, вклучено е во туристичката понуда и се наоѓа на туристичката карта на градот Сремска Митровица .

Благодарение на Милка Петковиќ Бјелица, ќерка на Анѓелина и Илија, денес во етно-куќата се собираат многубројни уметници, сликари, писатели, спортисти, ученици, наставници, наставницучители, туристи и многу други. Се одржуваат ликовни колонии, поетски средби, работилници за деца, гостувања на спортисти, разни здруженија, екологисти, семинари и посети на туристи од различни делови на светот.[1]

Етно-кујна

[уреди | уреди извор]

Во етно-кујната може да се видат стари, сочувани предмети и моминска облека (штафир), кои повеќето ги донела мајка Гина во миразот во 1947 години, кога се омажила. Тука се сочуван креденец, со садови од австроунгарско потекло и полица за зимница каде се чуваат домашни производи ајвар, џемови и домашни сокови. Од стариот мебел тука се наоѓа и креветче за дете (киндербет), со зиден тепих. Тука се и рачно шиени завеси, крпи и торби, семејниот албум со фотографии и машина за шиење стара над 100 години.

Етно-спална соба

[уреди | уреди извор]

Во етно спалната соба се наоѓа кревет за родители, кревет за дете и колевка за бебе. Креветите се украсени со рачно изработена постелнина и перници кои се момински мираз. Ѕидовите се украсени со шари кои се автентични за сремските куќи. Посетителите овде можат да го видат и Светото писмо од 1871 години.

Етно-галерија

[уреди | уреди извор]

Етно-галеријата на куќата е сместена во некогашната штала во која се чувале коњи, крави и телиња. Ѕидовите на просторијата се украсени со многубројни уметнички дела од сликари кои биле гости во Етно-куќата. Галеријата со својата разновидност и пријатен амбиент привлекува многу посетители, така што денес тука се одржуваат многубројни седници на здруженија, состаноци и семинари. Тука исто така се изложени и сувенири како и ракотворби од уметници. Амбиентот во оваа просторија го красат и гнезда на ластовички на таванот.

Дедо Илијановото парче од рајот

[уреди | уреди извор]

Дедо илијановото парче од рајот е подрум, стар век и половина. Дедо Илија бил сопственик и лозар и во визбата се наоѓаат неговите буриња. Поседувал лозја со над пет илјади винови лози. Подрумот се вика по него бидејќи тој бил неговиот омилен дел од куќата во кој поминувал најмногу време.

Етно-двор

[уреди | уреди извор]

Етно-дворот со својот рурален амбиент, чиј централен дел го красат црница и круша караванка, стар е век и половина, од кој се прави џем. Зеленилото во дворот го надополнуваат винова лоза и дуња, бунар длабок 26 метри, изграден во 1959 година, кој сè уште е во функција. Покрај бунарот се наоѓа фонтана во која децата сакаат да уфрлуваат монети и да замислуваат желби.

Во економскиот дел на дворот се наоѓа амбар, со настрешница во која се складирала пченка, а денес се користи како простор за одмор. Во рамките на дворот се наоѓа свињарник со бранови. Постојат и стари алатки како што се рачен ронач на пченка, јарем, плуг.

  1. „Милкина кућа за уживање“. Политика. Посетено на 2 август 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]