Елена Драгаш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елена Драгаш
Manuel II Helena sons.JPG
Византискиот цар Мануил II Палеолог, царицата Елена и тројца нивни синови - Јован VIII и деспотите Теодор и Андроник.
Сопружник Мануил II Палеолог
Деца
Јован VIII Палеолог
Теодор II Палеолог
Андроник Палеолог
Константин XI Палеолог
Димитриј Палеолог
Андреј Палеолог
Династија Дејановиќ
Татко Константин Драгаш
Мајка Првата жена на Константин

Елена Кантакузина (грчки: Ἑλένη Δραγάση, 1372 - 1450) била византиска царица, сопруга на византискиот цар Мануил II Палеолог[1] и мајка на последните двајца византиски цареви Јован VIII Палеолог и Константин XI Драгаш.[2]

Потекло[уреди | уреди извор]

Елена Драгаш била ќерка на Константин Драгаш (помладиот син на деспотот Дејан),[1][2] владетел на Велбужд, од неговата прва сопруга.

Царица[уреди | уреди извор]

На 10 февруари 1392 Елена Драгаш се омажила за византискиот цар Мануел II Палеолог.[1][2]

Мануел II Палеолог починал на 21 јули 1425 година, а Елена Драгаш го надживеала со 25 години. Таа влегла во манастир со монашкото Хипомона.

Елена Драгаш починала како монахиња Ипомона,[1] на 23 мај 1450 година во Цариград.

Деца[уреди | уреди извор]

Двајцата имале неколку деца:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 486. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 164. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Владимир Мошин, Крст царице Јелене, кђери кнеза Драгаша, „Уметнички преглед”, 5, 1938;
  • Д. Анастасијевиђ, Једина византијска царица Српкиња, „Братство”, 30, 1939;