Теодор II Палеолог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Теодор II Палеолог
Θεόδωρος Β΄ Παλαιολόγος
Деспот на Мореја

Византиски деспот на Мореја
На престол 1407 - 1443
Претходник Тодор I Палеолог
Наследник Константин XI Палеолог
Сопружник Клеофа Малатеста
Династија Палеолози
Татко Мануил II Палеолог
Мајка Елена Драгаш
Роден(а) 1396
Починал(а) 26 јануари 1448

Теодор II Палеолог (грчки: Θεόδωρος Β΄ Παλαιολόγος, Theodōros II Palaiologos, Theodore II Palaiologos, Palaeologus, 1396 - 26 јануари 1448) бил византиски деспот на Мореја од 1407 до 1443 година.

Син е на византискиот император Мануил II Палеолог (1350-1425) и Елена Драгаш (1372-1450), ќерка на велбуџскиот владетел Константин Драгаш, која веројатно била внука на цар Иван Александар. Теодор бил брат на византиските императори Јован VIII Палеолог и Константин XI Палеолог, како и на деспотите на Мореја, Димитар Палеолог и Тома Палеолог и на деспотот на Солун Андроник Палеолог.

Во 1407 година тој го наследил неговиот чичко Теодор I Палеолог како деспот на Мореја. Бидејќи бил малолетен, татко му останал во Мореја и започнал со изградба во 1415 година на Хексамилион. Дворот на главниот град Мистрал станал центар на византиската култура. Византискиот научник Плитон се преселил од Константинопол во Мистрал. Тој таму основал филозофско училиште. Најпознатиот ученик бил теологот Василиј Бесарион. Теодор бил добар математичар.

Во мај 1423 година Турците започнале инвазија во МОреја под команда на Турахан Бег, Теодор се обврзал да им плаќа данок.

Теодор II имал право за наследство на тронот како византиски император на Јован VIII Палеолог, но своите права ги дал на помалиот брат Константин XI Палеолог, и наместо тао станал сопственик на Силиври, каде починал од чума во 1448 година.

Литература[уреди | уреди извор]