Еколошка генетика
Еколошка генетика ― гранка на генетиката која ги проучува природните населенија. Одликите во населението може да бидат набљудувани и квантифицирани за да претставуваат вид кој се прилагодува на променливата средина.
Ова е во спротивност со класичната генетика, која работи најмногу на вкрстувања помеѓу лабораториски соеви и анализа на секвенца на ДНК, која ги проучува гените на молекуларно ниво.
Истражувањата во оваа област се однесуваат на особини од еколошко значење - односно особини поврзани со приспособната вредност, кои влијаат на опстанокот и размножувањето на организмот. Примерите може да бидат: време на цветање, толеранција на суша, полиморфизам, мимикрија и избегнување на напади од грабливци.
Еколошката генетика е особено корисна алатка при проучување на загрозените видови.[1] Мета-баркодирањето и еДНК се користени за испитување на биоразновидноста на видовите во екосистемот.[2]
Истражувањето обично вклучува мешавина од теренски и лабораториски студии.[3] Примероците од природните населенија може да бидат однесени во лабораторија за да бидат анализирани нивните генетски варијации. Ќе бидат забележани промени во населенијата во различни времиња и места, а ќе се проучува и моделот на смртност кај овие населенија. Истражувањата често се прават на инсекти и други организми како што се микробните заедници, кои имаат кратко време на создавање.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Иако претходно се работело на природните населенија, се признава дека областа е основана од британскиот биолог Е.Б. Форд (1901–1988) на почетокот на 20 век. На Форд му било предавано генетика на Оксфордскиот универзитет од страна на Џулијан Хаксли и започнал со истражување за генетиката на природните населенија во 1924 година. Форд исто така имал долг работен однос со Роналд Фишер. До моментот кога Форд ја развил својата формална дефиниција за генетски полиморфизам,[5][6] Фишер се навикнал на високите вредности на природната селекција во природата. Ова било еден од главните резултати од истражувањето на природните населенија. Магнум опусот на Форд било делото Еколошка генетика (Ecological genetics), која имала четири изданија и имаше големо влијание.[7]
Други значајни еколошки генетичари би го вклучиле Теодосиј Добжански кој работел на хромозомскиот полиморфизам кај овошните мушички. Како млад истражувач во Русија, Добжански бил под влијание на Сергеј Четвериков, кој исто така заслужува да биде запаметен како основач на генетиката во оваа област, иако неговото значење не беше ценето до многу подоцна. Добжански и неговите колеги спровеле студии за природните населенија на видовите Drosophila во западниот дел на Соединетите Држави и Мексико во текот на многу години.[8][9][10]
Филип Шепард, Сирил Кларк, Бернард Кетлвел и Артур Кејн сите биле под силно влијание на Форд; нивните кариери датираат од ерата по Втората светска војна. Збирно, нивната работа кон пеперугите и на човечките крвни групи, го воспостави полето и фрли светлина врз селекцијата кај природните населенија каде што некогаш било сомневано во нејзината улога.
Работата од овој вид има потреба од долгорочно финансирање, како и основа и во екологијата и во генетиката. И двете се тешки барања. Истражувачките проекти може да траат подолго од кариерата на истражувачот; на пример, истражувањето за мимикријата започнало пред 150 години и сè уште трае силно.[11][12] Финансирањето на овој вид истражување сè уште е прилично непредвидливо, но барем вредноста на работата со природните населенија на терен сега не може да се сомнева.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Антибиотска отпорност
- Генетска екологија
- Генетско следење
- Biston betularia
- Пестицидска отпорност
- Полиморфизам (биологија)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Vaishnav, V; Mahesh, S; Kumar, P (2019). „ASSESSMENT OF GENETIC STRUCTURE OF THE ENDANGERED FOREST SPECIES BOSWELLIA SERRATA POPULATION IN CENTRAL INDIA“. Journal of Tropical Forest Science. 31 (2): 200–210. doi:10.26525/jtfs2019.31.2.200210. ISSN 0128-1283. JSTOR 26626991.
- ↑ Bista, Iliana; Carvalho, Gary R.; Walsh, Kerry; Seymour, Mathew; Hajibabaei, Mehrdad; Lallias, Delphine; Christmas, Martin; Creer, Simon (2017-01-18). „Annual time-series analysis of aqueous eDNA reveals ecologically relevant dynamics of lake ecosystem biodiversity“. Nature Communications (англиски). 8 (1): 14087. doi:10.1038/ncomms14087. ISSN 2041-1723. PMC 5253663. PMID 28098255.
- ↑ Ford E.B. 1981. Taking genetics into the countryside. Weidenfeld & Nicolson, London.
- ↑ Kassen, Rees; Rainey, Paul B. (октомври 2004). „The Ecology and Genetics of Microbial Diversity“. Annual Review of Microbiology (англиски). 58 (1): 207–231. doi:10.1146/annurev.micro.58.030603.123654. ISSN 0066-4227. PMID 15487936.
- ↑ Ford E.B. 1940. Polymorphism and taxonomy. In Huxley J. The new systematics. Oxford University Press.
- ↑ Ford E.B. 1965. Genetic polymorphism. All Souls Studies, Faber & Faber, London.
- ↑ Ford E.B. 1975. Ecological genetics, 4th ed. Chapman and Hall, London.
- ↑ Dobzhansky, Theodosius. Genetics and the origin of species. Columbia, N.Y. 1st ed 1937; second ed 1941; 3rd ed 1951.
- ↑ Dobzhansky, Theodosius 1970. Genetics of the evolutionary process. Columbia, New York.
- ↑ Dobzhansky, Theodosius 1981. Dobzhansky's genetics of natural populations I-XLIII. R.C. Lewontin, J.A. Moore, W.B. Provine & B. Wallace, eds. Columbia University Press, New York 1981. (reprints the 43 papers in this series, all but two of which were authored or co-authored by Dobzhansky)
- ↑ Mallet J. and Joron M. 1999. Evolution in diversity in warning color and mimicry: polymorphisms, shifting balance and speciation. Annual Review of Ecological Systematics 1999. 30 201–233
- ↑ Ruxton G.D. Sherratt T.N. and Speed M.P. 2004. Avoiding attack: the evolutionary ecology of crypsis, warning signals & mimicry. Oxford University Press.
Дополнителна книжевност
[уреди | уреди извор]- Кејн, Артур и В.Б. Провин 1992 година. Гените и екологијата во историјата. Во: RJ Berry, TJ Crawford и GM Hewitt (уредници). Genes in ecology. Blackwell Scientific: Оксфорд. Обезбедува добра историска позадина.
- Конер Џ.К. и Хартл Д.Л. 2004 година. A primer of ecological genetics. Sinauer Associates, Сандерленд, Масачусетс. Обезбедува постапки и методи на основни и средно ниво.
|