Ебола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ебола
7042 lores-Ebola-Zaire-CDC Photo.jpg
Слика од 1976 година на која се прикажани две медицински сестри пред Маинга Н., личност заболена од вирусот ебола. Таа починала неколку дена подоцна поради тешки внатрешни крварења.
Класификација и надворешни извори
Специјалностзаразна болест[*]
МКБ-10A98.4
МКБ-9065.8
DiseasesDB18043
MedlinePlus001339
eMedicinemed/626
MeSHD019142
Esculaap4.svg    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).



Ебола — заболување кај човекот предизвикано од ебола-вирус. Симптомите на оваа болест вообичаено се појавуваат два дена до три седмици по заразувањето со вирусот, со треска,воспаление на грлото, мускулни болки, и главоболки. Потоа, вообичаено следуваат мачнина, повраќање и дијареа, проследено со намалена функција на црниот дроб и бубрезите. Во тој период, кај некои лица почнуваат да се јавуваат проблеми со крварење.[1]

Причина и дијагноза[уреди | уреди извор]

Вирусот може да се добие преку контакт со крв или телесни течности од инфицирано животно (вообичаено мајмуни или големи лилјаци).[1] Не е документирано ширење преку воздух во природната средина.[2] Големите лилјаци се верува дека го носат и го шират вирусот без при тоа самите да заболат. Штом инфекција се појави кај човек, болеста може да се шири помеѓу луѓето исто така. Машките лица што ја преживеале болеста може да ја пренесуваат прекуполов пат уште приближно два месеци. За да се дијагностицира, прво треба да се исклучат други болести со слични симптоми како што семаларија,колера и други вирусни хеморагични трески. За да се потврди дијагнозата, се тестираат примероци од крв за присуство на вирусниантитела,вируснаРНК,или на самиот вирус.[1]

Превенција[уреди | уреди извор]

Превенцијата вклучува намалување на ширењето на болеста од инфицирани мајмуни и свињи на луѓе. Ова се прави со прегледи на тие животни за да се утврди дали се инфицирани и нивно убивање и соодветно отстранување на телата ако се открие болеста. Соодветно варење на месото и носење на заштитна облека кога се ракува со месото исто така може да биде корисно, како што е и носење на заштитна облека имиење на раце кога се наоѓате во близина на заболено лице. Особено претпазливо треба да се ракува со примероци од телесни течности и ткива од лица заболени од оваа болест.[1]

Лекување, Прогноза и Епидемиологија[уреди | уреди извор]

Нема одреден лек за болеста; напорите да им се помогне на инфицираните лица вклучуваат или давање наорална терапија за рехидратација(делумно слатка и солена вода за пиење), или интравенозни течности.[1] Болеста има висока стапка на смртност: често умираат помеѓу 50% и 90% од инфицираните со вирусот.[1][3] ЕВЗ е прв пат откриена во Судан и Демократска Република Конго. Болеста вообичаено се појавува со почеток на епидемија во тропските региони насуб сахарска Африка.[1] Од 1976(кога е евидентирана за прв пат) до 2013,инфицирани се помалку од 1,000 лица годишно.[1][4]Најголемиот почеток на епидемија до сега е тековната 2014 епидемија на ебола во Западна Африка,која ги зафаќа Гвинеја, Сиера Леоне, Либерија и веројатно Нигерија.[5][6] Во август 2014 има идентификувано повеќе од 1600 случаи.[7] Се прават напори да се развие вакцина;меѓутоа, вакцина сеуште нема.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 "Ebola virus disease Fact sheet N°103". World Health Organization. March 2014. конс. 12 April 2014. 
  2. "2014 Ebola Virus Disease (EVD) outbreak in West Africa". WHO. Apr 21 2014. конс. 3 August 2014. 
  3. C.M. Fauquet (2005). Virus taxonomy classification and nomenclature of viruses; 8th report of the International Committee on Taxonomy of Viruses. Oxford: Elsevier/Academic Press. стр. 648. ISBN 9780080575483. http://books.google.ca/books?id=9Wy7Jgy5RWYC&pg=PA648. 
  4. "Ebola Viral Disease Outbreak — West Africa, 2014". CDC. June 27, 2014. конс. 26 June 2014. 
  5. "CDC urges all US residents to avoid nonessential travel to Liberia, Guinea, and Sierra Leone because of an unprecedented outbreak of Ebola.". CDC. July 31, 2014. конс. 2 August 2014. 
  6. "Outbreak of Ebola in Guinea, Liberia, and Sierra Leone". CDC. August 4, 2014. конс. 5 August 2014. 
  7. "Ebola virus disease update - West Africa". WHO. Aug 4, 2014. конс. 6 August 2014. 
Bibliography

Надворешни врски[уреди | уреди извор]