Прејди на содржината

Драган Павловиќ - Шиљо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драган Павловиќ
Роден 1908
Белград, Кралство Србија
Починал 21 јануари 1942
Пјеновац, Босна, Независна Држава Хрватска
Националност Србин
Занимање партизан
деец
Роднини Драган Павловиќ Латас

Драган Павловиќ (роден во 1908 година во Белград - починал на 21 јануари 1942 година во Пјеновац, Босна) — југословенски партизан и комунистички деец.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

По завршување на гимназијата во 1926 година, Драган Павловиќ студирал на Техничкиот факултет во Белград и станал член на КПЈ во 1936 година. Работел во партиската техника и во Редакцијата на сп. „Наша стварност“, а по апсењето (1937) бил осуден на две години во затворите во Марибор и Митровица. По излегувањето, бил секретар на Црвената помош за Србија (од крајот на 1939) и секретар на Црвената помош на ЦК на КПЈ.

Бил учесник на Петтата земска конференција на КПЈ во Загреб, 1940година. По Априлската војна (1941), во својство на повереник и инструктор на ЦК на КПЈ, во два наврата престојувал во Македонија (јули и септември 1941), каде што соработувал со Лазар Колишевски во отстранувањето на Методија Шаторов - Шарло и формирањето на партизански одреди. Подоцна бил политички комесар на шумадискиот (крагуевачкиот) НОПО (од септември – 21. ⅩⅠⅠ 1941).

Загинал во борба со германските сили како политички комесар на Петтиот (белградски) НО баталјон на Првата пролетерска НОУБ. Прогласен е за Народен херој на Југославија во 1951 година.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Павловиќ “. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1103. Text "series " ignored (help)