Гундемар
Гундемар ― визиготски крал на Хиспанија, Септиманија и Галисија (610–612).
Владеење
[уреди | уреди извор]Гундемар ја продолжил политиката на пријателство со Хлотар II од Неустрија и Теодеберт II од Австразија. За таа цел, тој испраќал големи суми пари за поддршка на нивната кауза против нивниот роднина (братучед и брат, редоследно) Теодорих II од Бургундија. Во други времиња, тој водел непријателска политика против Брунхилда.[1]
Според Исидор Севиљски, Гундемар направил една експедиција против Баскијците, а потоа во следната ги опседнал Римјаните. Тој починал од природна смрт во Толедо, веројатно во февруари или март 612 година.[2] „Chronica Regum Visigotthorum“ запишува дека Гундемар владеел една година, десет месеци и 14 дена.[3] Него го наследил Сизебут.
Тој бил оженет со Хилдоара.
Наследство
[уреди | уреди извор]Градовите Гондомар во Португалија и во Галисија се именувани по негово име.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ E. A. Thompson, The Goths in Spain (Clarendon P., 1969), стр. 160.
- ↑ Isidore of Seville, Historia de regibus Gothorum, Vandalorum et Suevorum, chapter 59. Translation by Guido Donini and Gordon B. Ford, Isidore of Seville's History of the Goths, Vandals, and Suevi, second revised edition (Leiden: E. J. Brill, 1970), стр. 27.
- ↑ Chronica Regum Visigotthorum, España Sagrada Tomo II, стр. 173.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- (шпански) Монети на кралот Гундемар
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Витерих |
Визиготски крал април 610 – февруари/март 612 |
Наследник Сизебут |