Гумно
Изглед

Гумно[1][2] – рамно и широко место каде што се врши жито, обично со коњи.[3] Вообичаено гумното се наоѓа на отворено, поретко во затворен простор. Главно е земјено, а во планинските предели може да биде поплочено со камени плочи и опкружено со камено ѕидче. На гумното житото се врши рачно (со вршило) или со стока (коњи, волови, магариња и друго) која може да биде врзана за столб во средината на гумното кој се нарекува стожер.
Историја
[уреди | уреди извор]Гумната имаат древно потекло и не може да се каже кога се појавиле. Им претходеле едноставни широки и долги платформи покриени со глина.
Во 1950-тите и 1960-тите потребата од гумна во Македонија и на Балканот почнува да исчезнува со воведувањето на механизирано комбинирано жнеење, вршење и веење со комбајни.
Гумното како мотив во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Гумно“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Нико Пиросмани. „На гумно“, 1916 година
-
Гумно. Житото се врши со дикан — примитивно орудие налик на санка за одвојување на зрната од класјето
-
А. Венецијанов, „Гумно“, 1821 година
-
К. Лебедев. „Гумно“, 1894 година
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „гумно“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „гумно“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „гумно“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 205.