Дикан
Изглед
Диканот (диканија, дикања) претставува земјоделско орудие кое во минатото се користело за вршење на житните култури. Составен е од една или повеќе паралелно поставени штици, на чие дно се наоѓаат процепи во кои се вметнати кремени алатки или железа или пак и двете. На диканот стои човек, а го влече едно или две животни. Ова орудие е карактеристично за регионот на Средоземјето. Пронајдени се археолошки остатоци кои укажуваат на посоењето на диканот на Блискиот Исток и Балканот пред 8,000 години. Во Македонија употребата на диканот можела да се забележи сè до средината на XX век. Во 1954 година забележана е неговата употреба во околината на Гевгелија, Дојран и јужно до Солун.