Веење (жетва)
Веење — земјоделски метод развиен во античките култури за одвојување на зрната од плевата. Може да се користи и за отстранување на штетници од складирано жито.
Во наједноставен облик веењето се состои од фрлање на мешавината од зрна и плева во воздух така што ветерот ја дува настрана плевата која е полесна, а зрната паѓаат за повторно долу и се собираат. Се користеле разни техники како посебно обликувана корпа која се тресела за да се подигне плевата или користење на вила или лопата за веење.
Во Кина
[уреди | уреди извор]Во древна Кина, методот бил подобрено со развој на вртечки проветрувач кој користел рачен проветрувач за добивање на воздушна струја.[1] Ова било претставено во книгата Нонг Шу од 1313 година.
Во Европа
[уреди | уреди извор]Во саксонските населби како што е идентификуваната во Нортамберленд како Бедовиот Ад Гефрин [2] (денес Јеверинг) било покажано (со реконструкција на ископините) дека градбите имале влезови еден наспроти друг. Промајата создадена во амбарите од вака поставените врати се користела за веење.[3]
Техниката развиена од Кинезите била прифатена во Европа дури во 18 век, кога веалките користеле „едрени проветрувачи“.[4] Вртливите проветрувачи за веење биле донесени во Европа, од холандски морнари, меѓу 1700 и 1720 година. Очигледно ги добиле од холандската населба Батавија на Јава, Холандска Источна Индија. Швеѓаните ја донеле веалката од јужна Кина отприлика во исто време, а језуитите донеле неколку машини во Франција од Кина околу 1720 година.[5]
Во Македонија
[уреди | уреди извор]Веалката во Македонија се користела многу доло време, но во 1950-тите и 1960-тите веењето на житни култури во Македонија и на Балканот почнува да исчезнува со воведувањето на механизирано комбинирано жнеење, вршење и веење со комбајни.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Question of the Transmission of the Rotary Winnowing Fan from China to Europe: Some New Findings Архивирано на 5 април 2008 г., Hans Ulrich Vogel, 8th International Conference on the History of Science in China
- ↑ Münzenberg, Hessen. Chapel and Palas (G.Binding, Burg Münzenberg, 1962)
- ↑ M.W.Thompson, The Rise of the Castle, (Cambridge University Press, 1991), 5–6.
- ↑ Broadcasting and winnowing Архивирано на 16 мај 2017 г., Antique Farm Tools
- ↑ Robert Temple, The Genius of China, p. 24