Греамова Земја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марта од Фолкландските Острови од 1944 г. препечатена за употреба на Греамовата Земја.

Греамова Земја (англиски: Graham Land) — крак на Антарктичкиот Полуостров северно од линијата што ги поврзува ’ртовите Џереми и Агасис.

Наречена е по британскиот поморски офицер Џејмс Греам, Прв лорд на адмиралштабот во времето на истражувањето на нејзината западна страна од Џон Биско во 1832 г. Теирторијалните граници се водат според договорот меѓу комисиите за антарктички имиња на Британија и САД од 1964 г., каде воедно е усвоено името „Антарктички Полуостров“ за главниот поулостров на Антарктикот, како и Палмерова Земја за неговиот јужен дел. Границата се протега приближно 69° ЈГШ. На неа полагаат право Аргентина, Британија и Чиле.

Греамовата Земја е најблискиот дел на Антаркикот до Јужна Америка.[1] Сè до откритијата на британската експедиција до 1934–37 г., се сметало дека се работи за архипелаг наместо за полуостров.[2] Планините на Грамовата Земја се последната поголема верига од Кордилјерите, која се состои од речиси непрекината низа венци која го образува западниот „’рбет“ на Северна, Средна и Јужна Америка, како и самиот Антарктик.

Планина[уреди | уреди извор]

Други имиња[уреди | уреди извор]

Аргентинците подрачјето го нарекуваат Светимартинова Земја (Tierra de San Martín)[3], а северниот остров (Троичкиот) го нарекуваат исто така (Península Trinidad) или Троичка земја (Tierra de la Trinidad). Чилеанците го целиот Антарктички Полуостров го нарекуваат Охигинсова Земја (Tierra de O'Higgins).[3]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ESA Science & Technology: Graham Land
  2. McGonigal, David (2009). Antarctica: Secrets of the Southern Continent. London: Frances Lincoln Ltd. ISBN 0-7112-2980-5. 
  3. 3,0 3,1 Антарктички ПолуостровГолема советска енциклопедија (руски)
  4. Hitar Petar Nunatak. SCAR Composite Antarctic Gazetteer.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]