Итар Пејо (нунатак)
Итар Пејо (бугарски: нунатак Хитър Петър[1]) — чука од видот нунатак на Троичкиот Полуостров во Греамовата Земја на Антарктикот. Се издига 462 м над брегот на протокот Принц Густав, наспроти островот Алекторија и веднаш јужно од јазикот на Ејткинхедовиот Ледник.
Нунатакот е наречен по македонскиот народен јунак, мариовецот Итар Пејо, кој бугарската антарктичка комисија го наведува како бугарски.[2]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Нунатакот Итар Пејо се наоѓа 7,35 км североисточно од планината Робертс, 4,69 км југоисточно од Бејлиевиот и 4,35 км јужно од Тафтовиот Нунатак[3].
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Бугарски антарктички билтен)
- ↑ Hitar Petar Nunatak. SCAR Composite Antarctic Gazetteer.
- ↑ Троички Полуостров. Размер: 1:250000 топо. карта бр. 5697. Институт за применета геодезија (Германија) и Британски антарктички геодетски институт, 1996 г.
Карти[уреди | уреди извор]
- Антарктичка дигитална база на податоци. Топографска карта на Антарктикот. Размер: 1:250000. Научна комисија за антарктичко истражување (SCAR)
![]() | Оваа статија место на или околу Антарктикот е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Координати: 63°57′58″S 58°42′12″W / 63.96611° ЈГШ; 58.70333° ЗГД