Нунатак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нунатакот Стар на брегот на Викториината Земја, Антарктик
Нунатаци на Источен Гренланд

Нунатак (од инуитски: nunataq) — чуковиден врв или срт на планина кој стрчи од ледено поле или ледник кој инаку ја покрива сета планина или срт. Ваквите врвови се наречени и леднички острови.[1] Чести примери се природните пирамидални врвови. Кога ќе станат заоблени од ледничките дејства, овие камени изданоци се нарекуваат роњони.[2][3]

Зборот е од гренландско потекло[4] и навлегол во Западна Европа во 1870-тите.

Опис[уреди | уреди извор]

Поимот обично се користи на подрачја каде преовладува трајната ледена покривка, а нунатаците се издаваат над неа.[5] Тие претставуваат лесно препознатливи упатно-појдовни точки на ледниците или ледените капи, и затоа најчесто имаат имиња. Некои од нив се изолирани, но неретко се среќаваат во густи групи, како што е случај на Земјата на Кралицата Луиза на Гренланд.[6]

Нунатаците се претежно остри и зашилени, што го спречува нафаќањето на леднички мраз, но не и трупањето на снег. Силно се разликуваат од поблагите контури на леднички еродираните предели што настануваат по повлекување на ледниците.

Тие се единственото место каде растенијата можат да опстанат на ледени покривки и капи, и виреат во уникатни станишта поради нивната изолираност.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Physical Geography: Hydrosphere, 2006, ISBN 8183561675, p. 114
  2. Neuendorf, Klaus K. E.; Institute, American Geological (2005). Glossary of Geology (англиски). Springer Science & Business Media. ISBN 9780922152766.
  3. „Rognon definition and meaning | Collins English Dictionary“. www.collinsdictionary.com (англиски). Посетено на 6 февруари 2019.
  4. „Merriam-Webster: nunatak“. Посетено на 16 октомври 2011.
  5. J. J. Zeeberg, Climate and Glacial History of the Novaya Zemlya Archipelago, Russian Arctic. стр. 82–84
  6. „Dronning Louise Land“. Mapcarta. Посетено на 2 јули 2016.
  7. ice cap – National Geographic Society

Надворешни врски[уреди | уреди извор]