Годеч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Годеч
Годеч
град
Централниот площад во Годеч
Централниот площад во Годеч
Грб на Годеч
Годеч is located in Бугарија
Годеч
Годеч
Местоположба на Годеч во Бугарија
Координати: 43°0′52.36″N 23°2′46.93″E / 43.0145444° СГШ; 23.0463694° ИГД / 43.0145444; 23.0463694Координати: 43°0′52.36″N 23°2′46.93″E / 43.0145444° СГШ; 23.0463694° ИГД / 43.0145444; 23.0463694
ЗемјаБугарија
ОбластСофиja
ОпштинаГодеч
Управа
 • ГрадоначалникРадослав Асенов (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна56,305 км2 (21,739 ми2)
Надм. вис.&10000000000000692000000692 м
Население (2022)
 • Вкупно4,193
 • Густина74/км2 (190/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код2240
Повик. бр.+359 07292
Мреж. местоgodech.bg

Годеч (бугарски: Годѐч) — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Годеч во Софиската Област. Има население од околу 4.193 жители (2022).[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во планинска област на 21 км од Драгоман, 55 км од Берковица и 50 км од главниот град Софија. На север се издига Берковскиот дел на Стара Планина со врвот Ком (2016 m), на југ се наоѓа планината Чеп’н со највисок врв Петровски крст (1206 m), а на исток се крајните делови на Мала Планина.

Историја[уреди | уреди извор]

Во градот има остатоци од мал римски храм од II-IV век (најверојатно ѝ припаѓал на божицата на ловот Дијана), кој е прогласен за национален споменик на културата.

Во османлискиот период Годечкиот крај бил дел од Шехирќојската Kаза (Пирот) и нахијата Висока. Во џелепкешанскиот регистар на Пиротскиот Кадилак од 1581 година, како џелепи се забележани месните жители Дмитар Јован, поп Петар 30 и Стојан Радослав, кои имаат обврска да ѝ предадат на државата вкупно 85 овци.[2]

По ослободувањето на Бугарија, Годеч бил вклучен во Царибродската Околија. Во 1905 година, селото Годеч, кое било центар на општина, имало 488 жители, распоредени во 9 маала: Глотнаца, Елечанова, Јовкина, Молак, Негулова, Равна, Старо Село, Стојкина и Трап. По Нејскиот мировен договор од 1919 година, Западните Покраини му биле предадени на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, а центарот на околијата бил преместен од Цариброд во Годеч. Повеќето жители на околните маала се преселиле во самиот град во 1960-тите. Главна егзистенција била сточарството.

Годеч официјално бил прогласен за град на 18 јуни 1956 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Катић, Татјана, Амедоски Драгана. Попис џелепа Пиротског кадилука из 1581. године, Мешовита грађа. MISCELLANEA, vol. XXXIII, НОВА СЕРИЈА Kњ. XXXIII, Београд 2012, с. 152. (PDF), Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-05-10, Посетено на 2017-03-18

Надворешни врски[уреди | уреди извор]