Глорија Стејнем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Глорија Стејнем
Стејнем за време на феминистичка прес-конференција, Јануари 12, 1972
Роден(а)Глорија Мари Стејнем
март 25 1934 (1934-03-25) (85 г.)
Толедо, Охајо, САД
ЖивеалиштеЊујорк Сити
НационалностАмериканка
Алма матерКолеџ Смит
ЗанимањеПисателка и новинарка за списанијата Мис и Њујорк
ДвижењеФеминизам
Во одбор наЖенскиот Медиа Центар
Страница
gloriasteinem.com
Глорија Стајнем (десно) и Алис Вокер во 2009 година

Глорија Мари Стејнем (родена 25 март, 1934) е американска феминистка, новинарка, и општествена и политичка активистка која стана национално призната како лидер и медиумска портпаролка на женското движење за ослободување во 1960-тите и 1970-тите години. Како познатата писателка и политичка фигура од ерата на контракултурата, Стејнем има основано многу организации и проекти и е добитничка на многу награди и признанија. Таа беше колумнист во списанието Њујорк и ко-основач на списанието Мис.

Во 2005 година, Стејнем работела заедно со Џејн Фонда и Робин Морган за да го ко-основат Женскиот Медиа Центар, организација што ги шири гласовите на жените во медиумите преку обука за лидерство, и со создавање на оригинални содржини. Стејнем во моментов работи на одборот на организацијата. Таа продолжува да учевствува во политиката и медиумите како лидерка, коментаторка, писателка и предавачка. Таа ги продолжува нејзините напори како организаторка, кампањира за кандидати и пишува книги и статии.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Стејнем е родена во Толедо, Охајо, на 25 март, 1934 година. Нејзината мајка, Рут (моминско име - Нунвилер), беше презвитерианец од шкотско и германско потекло, и нејзиниот татко, Лео Стејнем, беше син на еврејски доселеници од Германија и Полска.[1][2] Стејнемовите живееле и патувале во приколка.[3]

Пред Стејнем да биде родена, нејзината мајка Рут, тогаш на возраст од 34, имала "нервен слом", кој ја остави заробена во лажливи фантазии, кои повремено станувале насилни. Таа се сменила "од енергична, забаво-љубива, книго-љубива" жена во "некој кој се плашеше да биде сам, кој не можеше да се задржи за реалноста доволно долго за да одржи работа, и кој ретко можеше да се концентрира доволно за да прочита книга".[4] Рут помина долги периоди во и надвор од санаториуми за ментално болните. Стејнем беше десет години, кога нејзините родители конечно се разделија во 1944 година. Нејзиниот татко отиде во Калифорнија за да најде работа, а таа и нејзината мајка продолжиле да живеат заедно во Толедо.

Иако нејзините родители се развеле како резултат на болеста на мајка си тоа не било резултат на шовинизмот на татко и на Стејнем и таа тврди дека таа "разбра и никогаш не го обвини него за распадот".[5] Сепак, влијанието на овие настани имале формативен ефект врз нејзината личност: додека нејзиниот татко, трговски патник, никогаш не придонесол многу за финансиската стабилност на семејството, неговиот излез ја влоши нивната ситуација. Стејнем ја толкувала неможноста на мајка си да се одржи на работа како доказ за општото непријателство кон вработените жени.[6] Таа, исто така ја толкувала општата апатија на лекарите кон нејзината мајка како слична омраза кон жените.[6] Неколку години подоцна, Стејнем ги опиша искуствата на нејзината мајка како клучни за нејзиното разбирање на општествените неправди. Овие перспективи ја убедиле Стејнем дека жените немале општествената и политичка еднаквост.[7]:129–138

Кариера како новинарка[уреди | уреди извор]

Уредникот на Esquire магазинот, Клеј Фелкер и ја даде на Стејнем она што таа подоцна ја нарече првата "сериозна задача", во врска со контрацепцијата. Статијата од 1962 година[8] во врска со начинот на кој жените се принудени да избираат помеѓу кариерата и бракот претходила на книгата на Бети Фридан, Женската Мистика, една година.

Во 1963 година, додека работела на една статија за списанието на Хантингтон Хартфорд - Шоу, Стејнем била вработена како Плејбој Бани во Њујорк Плејбој клубот.[9] Статијата вклучувала слика од Стејнем во Бани униформа и детали за третманот на жените во клубовите. Веста беше објавена во 1963 година како "Приказна на Бани".[10] Стејнем остана на ставот дека таа е горда за работата што таа ја објави за експлоатационите услови кои се дел од нивната работа, а особено сексуалните барањата, кои биле на работ на законот.[11][12] Меѓутоа, за краток период откако написот бил објавен, Стејнем не можела да добие друга работа. Во нејзините зборови, ова беше "бидејќи сега стана Бани - и не беше важно зошто." [11][13]

Во 1972 година, таа го ко-основа феминистичко-тематското списание Мис кое започна како специјално издание на Њујорк.[8]

Феминистички ставови[уреди | уреди извор]

Социјалните и политички ставови на Стејнем се преклопуваат во повеќе видови на феминизмот. Овој проблем е главно поради еволуцијата на нејзините ставови во текот на пет децении на активизам. Иако најчесто е сметана за либерална феминистка, Стејнем постојано самата се карактеризира како радикална феминистка.[14] Уште поважно, таа ја смета категоризацијата во рамките на феминизмот како "неконструктивна за одредени проблеми". "Јас сум била вклучена во секоја категорија. Па тоа го прави потешко за мене да ги земам поделбите со голема сериозност".[15] Сепак, Стејнем држи континуирани ставови.

Абортус[уреди | уреди извор]

Стејнем е голем поддржувач на репродуктивната слобода, термин што таа самата го измисли и го промовира. Во 1969 година, таа во магазинот Њујорк напиша за протестите за абортус.[16][17] Стејнем имала абортус во Лондон на возраст од 22.[18] Таа почувствувала она што го нарекла "голем клик" за време на протестите, и подоцна рекла дека "мојот живот како активна феминистка" не започнал се до тој ден.[17] Таа рекла дека:

"Абортусот требало да не направи лоша личност. Но, морам да кажам, никогаш не сум го почувствувала тоа. Јас седев и се обидував да дознаам колку години детето би било, се обидував да се чувствувам виновна. Но никогаш не можев! Мислам дека човекот кој рече: "Душо, ако мажите би можеле да забременат, абортусот би бил сакрамент" беше во право. Говорејќи за себе, јас знаев дека тоа беше прв пат што ја преземав одговорноста за својот живот. Не ќе дозволив работи да ми се случуваат на мене. Јас ќе го насочувам својот живот, и поради тоа се чувствував позитивно. Но, сепак, јас не кажав на никого. Затоа што знаев дека таму не беше [позитивно]".[18]

Во 2005 година, Стејнем беше во документарниот филм Имав абортус направен од Џенифер Баумгарднер и Џилијан Олдрич. Во филмот, Стејнем го опиша абортусот која го имала како една млада жена во Лондон, каде што живеела кратко пред да студира во Индија. Во документарецот Мој Феминизам, Стејнем го карактеризира нејзиниот абортус како "клучно и конструктивно искуство."

Порнографија[уреди | уреди извор]

Заедно со Сузан Браунмилер и Кетрин Мекинон, Стејнем е страстна критичарка на порнографијата, која таа ја разликува од еротиката: "Еротиката е различна од порнографија како што љубовта е од силувањето, како достоинството е од понижувањето, како партнерството е од ропството, како задоволството е од болка." Аргументот на Стејнем е за разликата меѓу реципроцитетот наспроти доминацијата. Таа пишува: "Очигледна или суптилна, порнографијата не вклучува еднаква моќ или заемност. Всушност, голем дел од тензијата и драмата доаѓа од јасната идеја дека едното лице доминира врз другото."[7]:219[19]

Генитална мутилација[уреди | уреди извор]

Во 1979 година, Стејнем напиша напис за женската генитална мутилација, кој ја донесе појавата во свеста на американската јавност; статијата е наречена Меѓународниот криминал на женска генитална мутилација, и беше објавена во март 1979 во издание на списанието Мис.[7]:292[20] Статијата известува за "75 милиони жени кои страдаат од резултатите на генитална мутилација." Според Стејнем "вистинските причини за мутилацијата на гениталиите можат да се разберат само во контекст на патријархатот: мажите мораат да ги контролираат женските тела како средства за производство, а со тоа ја потиснуваат независната моќ на женската сексуалност." Статијата на Стејнем ги содржи основните аргументи кои подоцна ќе бидат развиени од страна на филозофката Марта Нусбаум.[21]

Феминистичка теорија[уреди | уреди извор]

Стејнем повеќе пати го изрази своето негодување од мракобесието и апстракциите кои некои тврдат дека се распространети во феминистичките академски теоризирања. Таа рече: "Никому не му е гајле за феминистичкото академско пишување. Тоа е кариеризам. Овие кутри жени во академските институции треба да зборуваат на овој глупав јазик, кој никој не може да го разбере со цел да бидат прифатени..."[15] Стејнем подоцна ги издвои деконструкционистите како Џудит Батлер за критика: "од секогаш сум сакала да ставам знак на патот кон Јеил велејќи: "Пазете се: Деконструкција напред". Академците се принудени да пишуваат на јазик кој никој не може да го разбере за да добијат мандат. Тие мораат да кажат "дискурс" а не "разговор". Знаењето што не е достапно не е од корист."[22]

Трансексуализам[уреди | уреди извор]

Стејнем напиша, "Во најмала рака, тоа беше диверзија од проблемите за половата нееднаквост" и дека во многу случаи, транссексуалците "хируршки ги мутилираат своите тела", со цел да се приспособат на родова улога која незапирливо е сврзана за физички делови од телото. Таа заклучува дека "феминистките се во право да се чувствуваат непријатно за потребата и користите на трансексуализмот." Написот го завршува со што стана еден од најпознатите нејзини цитати: "Ако чевлата не се вклопува, мора ли да се промени ногата?" Иако е јасно дека е во контекст на трансексуализмот, цитатот е често погрешен за општа изјава за феминизмот.[7]:206–210

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gloria Steinem, Jewish Women's Archive. Retrieved 2010-06-01
  2. „Ancestry of Gloria Steinem“. Wargs.com. конс. 2012-07-20. 
  3. Pogrebin, Letty Cottin (March 20, 2009). „Gloria Steinem“. Jewish Women's Archive. конс. 2012-07-20. 
  4. Steinem, Gloria (1983). Outrageous Acts and Everyday Rebellions. Holt, Rinehart, and Winston. стр. 140–142. ISBN 978-0-03-063236-5. 
  5. Marcello, Patricia. Gloria Steinem: A Biography. Westport, CT: Greenwood Press, 2004. p. 20.
  6. 6,0 6,1 Marcello, Patricia. Gloria Steinem: A Biography. Westport, CT: Greenwood Press, 2004.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Steinem, Gloria (1984). Outrageous Acts and Everyday Rebellions (1 издание). New York: Henry Holt & Co.. 
  8. 8,0 8,1 Mclellan, Dennis. „Clay Felker, 82; editor of New York magazine led New Journalism charge“, Los Angeles Times, 2 јули 2008 (посет. 23 ноември 2008 г).
  9. Kolhatkar, Sheelah (December 18, 2005). „Gloria Steinem“. The New York Observer. конс. June 1, 2010. 
  10. Published in two parts, Part I and Part II
  11. 11,0 11,1 Steinem, Gloria. „I Was a Playboy Bunny“ (PDF). Outrageous Acts and Everyday Rebellions. 
  12. News, ABC. „Interview With Gloria Steinem“. ABCNews. 
  13. „For feminist Gloria Steinem, the fight continues (interview)“. Minnesota Public Radio. June 15, 2009. конс. 2012-07-20. 
  14. „Marianne Schnall Interview“. Feminist.com. April 3, 1995. конс. 2012-07-20. 
  15. 15,0 15,1 Gorney, Cynthia. „Gloria“, November–December 1995.
  16. „30th Anniversary Issue / Gloria Steinem: First Feminist“. Nymag.com. April 6, 1998. конс. 2012-07-20. 
  17. 17,0 17,1 Pogrebin, Abigail (October 30, 2011). „An Oral History of 'Ms.' Magazine“. Nymag.com. конс. 2012-07-20. 
  18. 18,0 18,1 Rachel Cooke. „Gloria Steinem: 'I think we need to get much angrier'“, Guardian, 13 ноември 2011 (посет. 20 јули 2012 г).
  19. Erotica and Pornography: A Clear and Present Difference. Ms. November 1978, p. 53. & Pornography—Not Sex but the Obscene Use of Power. Ms. August 1977, p. 43.
  20. "The International Crime of Female Genital Mutilation." Ms., March 1979, p. 65.
  21. Nussbaum, Martha C. Sex & Social Justice. New York: Oxford University Press, 1999. pp. 118–129.
  22. Denes, Melissa. „'Feminism? It's hardly begun'“, The Guardian, 17 јануари 2005.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]