Робин Морган

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Робин Морган
Роден(а) јануари 29 1941 (1941-01-29) (77 г.)
Флорида, САД
Живеалиште Менхетн, Њујорк, САД
Националност Американка
Занимање Поет, автор, политички теоретичар и активист, новинар, предавач, уредник
Активен период од 1940тите наваму
Познат(а) по Книги и новинарство
Политички активизам
Сестринство антологиите
Страница
RobinMorgan.us

Робин Морган (роденa 29 јануари 1941) е американски поет, автор, политички теоретичар и активист, новинар и предавач. Од почетокот на 1960-тите години таа е клучна радикална феминистка, членка на Американското Движење на Жените, и лидер во меѓународното феминистичко движење. Нејзината антологија од 1970 година, Сестринството е Моќно е заслужна за помагање да се започне вториот феминистички бран во САД, и беше прогласена од страна на Јавната библиотека на Њујорк како "една од 100-те највлијателни книги на 20 век", заедно со оние на Сигмунд Фројд и Карл Маркс.[1] Таа има напишано повеќе од 20 книги со поезија, фикција и документаристика и е исто така позната како уредничка на Мис списанието.[2]

Во текот на 1960тите, таа учествуваше во движењата за граѓанските права и против војната во Виетнам; во доцните 1960ти таа беше една од основачките на радикалните феминистички организации како што се Њујорк Радикални Жени и W.I.T.C.H. Таа основала или ко-основала бројни други феминистички организации. Таа, исто така, го ко-основала Женскиот Медиа Центар со активистката Глорија Стејнем и актерката-активистка Џејн Фонда.

Ран живот и кариера[уреди | уреди извор]

Морган е родена на 29 јануари 1941 година, иако датата на раѓање била пријавен неточно во текот на нејзината кариера како млада актерка. Родена во Флорида на невенчани еврејски родители. Нејзината мајка Фејт Беркли Морган патувала од Њујорк до Флорида да се породи.[3] Таткото на Робин, лекар по име Мејтс Морганстерн, не ја придружуваше бремената Фејт.[3]

Робин Морган израснала во Маунт Вернон, Њујорк, а подоцна и во Сатон Плејс во Менхетн. Морган ја напушти екипата на Мама на 14-годишна возраст, бидејќи сакаше од 4-годишна возраст да пишува наместо да глуми. Таа ја објави својата прва сериозна поезија во книжевни списанија на 17-годишна возраст.[3]

Активизам[уреди | уреди извор]

Од 1962 таа стана многу активна во анти-воените левичарски групи и напиша повеќе статии и поезија за Левичарските и контракултурните списанија како што се Ослободување, Стаорец, Победа, и Гардијан (САД).[3]

Во доцните 1960ти Морган стана повклучена во групите за Американското движење за правда. Во 1967 година таа стана активна во Младинската Меѓународна Партија (позната во медиумите како "Yippies") со Аби Хофман и Пол Краснер. Меѓутоа, тензиите околу сексизмот во ММП (и Новата Левица воопшто) пораснале кога Морган стана повклучена во активизмот за женското ослободување и современиот феминизам.[3]

Таа стана една од основачките на краткотрајната група Њујорк Радикални Жени во есента на 1967 година, и клучна организаторка на нивните протести на Мис Америка церемонијата во Атлантик Сити.[4] Таа го напишала памфлетот No More Miss America!. Исто така во 1968 година таа помогна да се создаде W.I.T.C.H.. Морган го дизајнирала универзалниот симбол на женското движење, со женскиот симбол центриран со покрената тупаница. Таа, исто така го измисли терминот "herstory" во нејзината книга Сестринството е Моќно.[5][6] Во врска со феминистичка организација W.I.T.C.H., Морган напиша:

Флуидноста и досетливоста на вештерките се евидентни во постојаното менување на акронимот. Оригиналниот наслов беше Women's International Terrorist Conspiracy from Hell (Женски Меѓународен Терористички Заговор од Пеколот)... и најновиот е Women Inspired to Commit Herstory.[5]

Како и многу радикални феминистки, Морган направи одлучувачка пауза од она што се опишува како "машката левица".[7] Таа го презема весникот Стаорец во 1970 година,[8] и го напиша есејот насловен "Збогум на сето тоа". Есејот стана озлогласен во медиумите поради именувањето на сексистички левичарски мажи и институции. За време на демократските прелиминарни избори за претседателската трка во 2008 година, Морган го напишала "Збогум на сето тоа #2“ во одбрана на Хилари Клинтон.[3][8]

За да ги интервјуира жените за нејзиното пишување и да го донесе во внимание крос-културниот сексизам, таа отпатува за да се сретне со бунтовничките борци на Филипините, Бразилските активистки во Рио, жените во Јужна Африка, и пост-револуционерните Ирански жени.[4] Во 1986 и 1989 година, исто така, помина неколку месеци во палестинските бегалски кампови во Јордан, Либан, Египет, Сирија, Западниот Брег и Газа. Таа, исто така, имаше предавања во универзитетите и институциите во земјите низ Европа, Австралија, Бразил, Карибите, Централна Америка, Кина, Индонезија, Израел, Јапонија, Непал, Нов Зеланд, пацифичката островска земји, Филипините и Јужна Африка.[9]

Сестринство антологиите[уреди | уреди извор]

Во 1970 година, таа ја едитирала првата антологија на феминистички списи, Сестринството е Моќно. Компилацијата вклучува класични феминистички есеи од страна на активистките, како што се Наоми Уејстејн, Кејт Милет, Елинор Холмс Нортон, Фло Кенеди, Френсис Биал, Џо Фриман и Мари Дејли, како и историски документи вклучувајќи извадоци од SCUM Manifesto и Redstockings Manifesto, и историски документи од W.I.T.C.H.. Имало различни теми, како женскиот оргазам, животот на радикалните феминистки, тешкотиите на жените, и природата на проституцијата.[4] Антологијата е заслужна за помагање да се започне општото движење на жените во САД. Таа беше прогласена од страна на Јавната библиотека на Њујорк како "една од 100те највлијателни книги на 20 век" заедно со оние на Сигмунд Фројд и Карл Маркс.[1]

Вториот волумен во 1984 година, Сестринството е Глобално, содржел статии од жени од над 70 земји. Истата година го основала институтот Сестринството е Глобално, познато по тоа што бил првиот меѓународен феминистички тинк-тенк.[10] Третиот волумен, Сестринството е Засекогаш од 2003 година, беше збирка на написи од страна на добро-познати феминистки, и млади и стари, за идните планови на феминистичкото движење.[4]

Ставови за трансексуализмот[уреди | уреди извор]

Во 1973 година, Робин Морган го даде воведниот говор на West Coast Lesbian Conference. Во говорот, таа го критикуваше Бет Елиот, транссексуален пејач и гитарист кој контроверзно беше закажан да перформира на конференцијата. Морган го наречен Елиот "опортунист, инфилтратор, и уништувач - со менталитет на насилник."[11]

Јас нема да наречам маж "таа"; триесет и две години страдање во ова андроцентрично општество и преживување, ми ја даде титулата ’жена’; една прошетка по улицата на машки трансвестит, пет минути тој е малтретиран, и потоа тој се осмелува, тој се осмелува да помисли дека ја разбира нашата болка? Не, во име на нашите мајки и во име на нас, не смееме да го наречеме сестра.[12]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Diefendork, Elizabeth. „The New York Public Library's Books of the Century“, New York Public Library (посет. 3 март 2012 г).
  2. Robin Morgan“, eNotes (посет. 14 март 2012 г).
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Morgan, Robin (2001). Saturday's Child: A Memoir'. W. W. Norton. ISBN 0-393-05015-7. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Robin Morgan“, Jewish Women's Archive (посет. 14 март 2012 г).
  5. 5,0 5,1 "Herstory", Oxford English Dictionary Online (Oxford University Press, 2006). Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „oed“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „oed“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  6. Dry Your Smile“, 30 март 2011 (посет. 14 март 2012 г).
  7. Robin Morgan“, Answers.com (посет. 3 март 2012 г).
  8. 8,0 8,1 Levy, Ariel. „Goodbye Again“, 21 април 2008 (посет. 3 март 2012 г).
  9. Bio“, RobinMorgan.com (посет. 14 март 2012 г).
  10. Background“, The Sisterhood is Global Institute (посет. 3 март 2012 г).
  11. Faderman, Lillian (2006). Gay L.A.: A History of Sexual Outlaws, Power Politics, and Lipstick Lesbians. Basic Books. ISBN 978-0-465-02288-5. 
  12. Goldberg, Michelle (4 август 2014). „What Is a Woman? The dispute between radical feminism and transgenderism“. New Yorker Magazine. http://www.newyorker.com/magazine/2014/08/04/woman-2. посет. 5 август 2014 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]