Габриел Касакија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Габриел Касакија Биболини
Stamps of Paraguay, 2005-11.jpg
Габриел Касакија
Роден/ааприл 20, 1907(1907-04-20)
Асунсион, Парагвај
Починат/аноември 24, 1980(1980-11-24) (воз. 73 г.)
Буенос Аирес, Аргентина
Занимањеписател
Жанрсовремен реализам
Значајни делаLa Babosa, La Llaga

Габриел Касакија Биболини (шпански: Gabriel Casaccia Bibolini, 20 април 190724 ноември 1980) била парагвајски писател. Тој се смета за татко на современата парагвајска книжевност. Неговиот сонародник Аугусто Роа Бастос, кој воедно е и уште еден парагвајски значаен книжевник, за Касакија изјавил дека „Габриел Касакија е основачот на современиот парагвајски расказ, кој дава, во добра смисла, фундаментален карактер на сите негови дела, и, на нивниот автор, невообичаена заслуга за основање на жанр во држава која книжевно била непозната“.

Живот[уреди | уреди извор]

Касакија бил роден во Асунсион во Парагвај. Тој бил син на Бенињо Касакија и Маргарита Биболини, и двајцата италијански имигранти во Парагвај.[1] Тој учел во Националниото колеџ во главниот град, едно од најпрестижните државни средни училишта во Парагвај. Касакија завршил правен факултет на Националниот универзитет во Асунсион.[2] Кога завршил студии, тој работел како новинар. Починал во Аргентина.

Дела[уреди | уреди извор]

Касакија е автор на седум романи, два кратки расказа и една драма.[1] Хронолошки, неговите дела се:

  • „Марионети мажи и жени“ (Hombres y Mujeres Fantoches) -1930
  • „Бандит“ (El Bandolero) - 1932
  • „Гваху“ (El Guajhu) - 1938
  • „Марио Пареда“ (Mario Pareda) - 1939
  • „Бунар“ (El Pozo) - 1947
  • „Полжав“ (La Babosa) - 1952
  • „Рана“ (La Llaga) - 1963
  • „Протераните“ (Los Exiliados) - 1966
  • „Наследници“ (Los Herederos) - 1975
  • „Фарми“ (Los Huertas) - 1981, објавена постхумно

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Portal Guarani - GABRIEL CASACCIA“. Portal Guarani (es-ES). конс. 2015-11-26. 
  2. Case, Thomas E. (1 јануари 1970 г). Paraguay in the Novels of Gabriel Casaccia. „Journal of Interamerican Studies and World Affairs“ том  12 (1): 76–83. doi:10.2307/174845. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]