Возот в снег (филм од 1976)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Возот в снег (хрватски: Vlak u snijegu) - хрватски и југословенски филм од 1976 година, во режија на Мате Реља, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Славко Штимац, Гордана Инкрет, Жељко Малчиќ, Едо Перочевиќ, Ратко Буљан и Антун Налис. Филмот е снимен врз основа на истоимениот роман на хрватскиот писател Мато Ловрак. Исто така, филмот е познат и по песната „Кога ќе се сложат малите раце“ (Kad se male ruke slože), дело на Арсен Дедиќ.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Учениците од основното училиште во Велико Село прават своја задруга за чиј претседател е избран сиромашниот ученик Љубан (го игра Штимац). По некое време, учениците заминуваат со воз во Загреб, предводени од учителот. Таму, учителот се разболува и мора да остане во болницата така што учениците мора да се вратат сами. На патот до селото, голема снежна бура ја затрупува железничката пруга и возот останува заглавен во снегот. Под водство на Љубан и помогнати од кондуктерот (го игра Перочевиќ), децата почнуваат да го чистат снегот. Но, во таа акција не учествуваат децата од богатите семејства, предводени од Перо, кој е љубоморен на Љубан. Уште повеќе, Перо започнува кавга со другите ученици, но на крајот, сите деца ја напуштаат неговата група и му се придружуваат на Љубан. Така, децата успеваат да стигнат дома.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]