Владо Чучков
Изглед
| Владо Чучков | ||
| Роден | Владо Чучков 6 јуни 1929 Свилајнац, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 15 октомври 1997 (возраст: 68) Скопје, Македонија | |
| Националност | Македонец | |
| Занимање | музички редактор и критичар | |
| Татко | Емануел Чучков | |
Владо Чучков (6 јуни 1929 во Свилајнац — 15 октомври 1997 во Скопје) — македонски музички уредник и критичар.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Своите студии ги оформува на Музичката академија во Љубљана.
По доаѓањето во Скопје се вработува во Македонската телевизија како музички уредник.
Неговата главна преокупација е на планот на музичката критика. Почнувајќи од 1961 година, тој е музички критичар на весникот „Нова Македонија“, а соработува и во други весници и списанија. До крајот на животот бележи голем број критики во весникот „Вечер“. Во нив Чучков се покажува како луциден, духовит и провокативен сведок на музичките настани. Тие особености наоѓаат среќен спој со неговата ерудиција и објективност во толкувањето на тие настани.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чурулинци“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1634. Text "series " ignored (help)