Вирџилио Фосати
| Вирџилио Фосати | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Роден на | 3 јануари 1891 | ||
| Роден во |
Милано, | ||
| Починал на | 25 декември 1916 (возр. 25) | ||
| Починал во |
близу Монфалконе, | ||
| Позиција | играч од средниот ред | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
| 1909–1915 | Интер Милан | ||
| Репрезентација | |||
| 1910–1915 | Италија[1] | 12 | (1) |
| Тренер на екипи | |||
| 1909–1915 | Интер Милан | ||
Вирџилио Фосати (италијански: Virgilio Fossati; 3 јануари 1891 – 29 јуни 1916 ) — италијански поранешен фудбалер и тренер. Поранешен играч од средниот ред, играл и бил тренер на италијанскиот клуб Интер, исто така, настапувал и за италијанската фудбалска репрезентација; бил капитен на двете екипи во текот на неговата кариера.
Кариера
[уреди | уреди извор]Фосати ја поминал целата своја кариера во Интер. Тој за клубот играл 97 пати и постигнал 4 гола. Во текот на неговата кариера, Фосати бил капитен и на Интер и на Италија , и исто така, прв играч на Интер што играл за италијанската репрезентација. Тој подоцна, исто така, станал тренер на Интер.
Кариерата на Фосати е завршена во Првата светска војна. Тој починал на Божиќ 1916 година во Монфалконе за време на битката меѓу италијанската и австроунгарската војска.[2]
Неговиот брат Џузепе (роден во Милано, 1894) играл 43 натпревари во три години за Интер.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Figc.it“. Архивирано од изворникот на 2016-01-12. Посетено на 2018-12-29.
- ↑ Martin, Simon (15 August 2011). Sport Italia: The Italian Love Affair with Sport. I.B.Tauris. стр. 46. ISBN 9781845118204.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Вирџилио Фосати на Ризницата ?