Википедија:Уредувачки натпревари/Нобелови награди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уредувачки натпревар на тема „Нобелови награди“

 

од 1 до 31 март 2015 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Нобелови награди“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Нобелови награди“.

Натпреварот ќе почне на 1 март 2015 година во 00:00 часот по средноевропско време и ќе трае до 31 март 2015 година до 23:59 часот по средноевропско време.

Учесниците имаат слобода во рамките на зададената тема при одбирање на темата на статијата за која ќе пишуваат. Во натпреварот влегуваат:

  • основните списоци и статии за Нобеловите награди;
  • обработка на поединечните статии за Нобеловите награди по области; и
  • добитниците на Нобелова награда од било која област.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со политиките и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца Википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од Нобелови награди). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците може и значајно да прошират постоечка статија (никулец), при што жирито ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

Пријавите се отворени за цело време на траењето на натпреварот!

Во натпреварот може да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите тројца учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи[уреди извор]

Додај го своето име доколку сакаш да учествуваш, користејќи четири тилди (~).

  1. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:31, 25 февруари 2015 (CET)[одговори]
  2. --Brainmachine (разговор) 00:57, 26 февруари 2015 (CET)[одговори]
  3. --Инокентиј (разговор) 17:19, 26 февруари 2015 (CET)[одговори]
  4. --D.Belcev (разговор) 01:30, 28 февруари 2015 (CET)[одговори]
  5. --Ehrlich91 (разговор) 17:14, 28 февруари 2015 (CET)[одговори]
  6. --Sampuhe (разговор) 00:06, 1 март 2015 (CET)[одговори]
  7. --M4r51n (разговор) 11:35, 8 март 2015 (CET)[одговори]
  8. --MarioPuovik6 (разговор) 12:33, 9 март 2015 (CET)[одговори]
  9. --Ljupce1 (разговор) 19:42, 29 март 2015 (CEST)[одговори]

Предлози за статии[уреди извор]

Членови на жирито[уреди извор]

  1. Kiril Simeonovski
  2. Виолетова
  3. Raso mk
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку порака на корисникот Ehrlich91.

Награди[уреди извор]

Сите награди ќе бидат вредносни ваучери наменети за купување на техничка стока во продавницата Пикс Плус. Ваучерите не можат да бидат заменети за готовина.

I награда[уреди извор]

Вредносен ваучер во вредност од 400 евра во денарска противвредност.

II награда[уреди извор]

Вредносен ваучер во вредност од 200 евра во денарска противвредност.

III награда[уреди извор]

Вредносен ваучер во вредност од 100 евра во денарска противвредност.

Резултати[уреди извор]

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Инокентиј 1.446
2 MarioPuovik6 1.227
3 Ehrlich91 624
4 Bjankuloski06 48
5 Brainmachine 24
6 D.Belcev 24
7 M4r51n 21
8 Ljupce1 18