Википедија:Избрана статија/2012/23

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Flag of Germany.svg

Германија е сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главниот, и најголем град, е Берлин. Германија има вкупна површина од 357.021 км² и воглавно има умерена сезонска клима. Со 81,8 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки лидер во многу полиња.

Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100 година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа. Почнувајќи од 10 век, германските територии го формирале централниот дел на Светото римско царство. Во текот на 16 век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно Римокатолици, со две спротивни фракции во Триесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество. Окупирана за време на Наполеонските војни, подемот на пангерманизмот внатре во Германскиот Сојуз, чиј исход било обединувањето на повеќето германски држави во Германското царство во 1871, кое било доминирано од Прусија. По германската револуција од 1918-1919, а потоа и военото предавање во Првата светска војна, Царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот договор. Сред Големата криза, Третиот Рајх бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна Германија и Западна Германија. Во 1990, Германија била повторно обединета. (Дознај повеќе...)