Википедија:Ве молиме не напаѓајте ги новодојденците
Википедија се развива и проширува преку напорната работа на стандардните корисници, но исто така и преку поголем број на анонимни уредувања на новодојденци. Запомни, сите ние сме биле новодојденци на Википедија.
Новите корисници се просперитетни продонесувачи и корисници, а со тоа и најзначаен извор на Википедија. Мораме да се однесуваме со новодојденците пристојно и со трпение и да не ги напаѓаме новодојденците. Не е можно новодојденец да биде целосно запознаен со правилата на Википедија, нејзините начела, принципи и стандарди.
Како да избегнете да бидете „арогантен“[уреди извор]
Идеите на новодојденците за тоа како треба да бидат работите на Википедија се во поголема мера надвор од контекст. За нив Википедија е како џунгла и им треба одредено време за да се запознаат со деталите на Википедија и како функционира истата. Земајќи го тоа предвид, ќе ви овозможи да бидете означен како „арогантен“ кон нив. За да се избегне таквата ситуација, треба да се:
- избегне интензитет во коментарите и посебно погрдни зборови.
- приспособете го вашиот пристап на добар начин.
- избегне сарказам за време на уредувањето на страните за разговор, особено кога се враќа статија.
- одговори на соодветен начин.
- биди грациозен.
- да се земат предвид останатите принципи и да се постигне консензус.
- преземи одговорност при разрешување конфликт.
- сослушај активно.
- кога се осврнуваш кон правилата на Википедија користи целосни реченици, не кратенки.
- избегнувај користење блокови како почетничка мерка.
Стандардана порака за добредојде или за предупредување се соодветни. Користи ги соодветните предлошки за добредојде или за предупредување. Биди одговорен Википедијанец, покажувај добра волја и дозволи на новодојденците да се искажат во целост.
Што да направиш ако нападнеш или си нападнат[уреди извор]
Ако си нападнал некој новодојденец, или се чувствуваш како нападнат, земи ги предвид следните предлози:
- Избери да научиш од инцидентот.
- Избери соодветни алтернативи за напаѓање за да се постигнат целите.
- Пронајди нешто вредно во искуството.
- Размислувај рационално. Објасни зошто беше навреден, но научи да препознаеш кога пораката не може да биде примена.
Чести грешки на новодојденците[уреди извор]
Една честа грешка на новодојденците е да создадат статија за себе, или за своите луѓе околу себе. Еден начин да се справите лесно со тоа е да се претвори статијата во корисничка сметка. За подетални информации за тоа што не треба да се прави на Википедија, видете што не е Википедија.
|