Веле Алексоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Веле Алексоски
Роден/а25 мај 1942
Македонија Рилево, Македонија
ЗанимањеПисател

Веле Алексоски (род. 25 мај 1942 во Рилево, Прилепско) — македонски писател, уредник и еден од основачите на неделникот „Македонско сонце“.[1]

Има завршено Виша педагошка академија, група француски јазик и Филолошки факултет, група француски јазик и литература. Работел како професор по француски јазик во Градско и Велес. Потоа бил наставник во дополнително македонско училиште во Франција. На факултетот за историски науки при Универзитетот 2 во Стразбур завршил постдипломски студии: „Историја и цивилизации на Југоисточна Европа“. Во јуни 1988 година ја брани докторската теза: „Француската источна армија и македонското национално прашање 1915/19 година. Престојувал и во Германија.

Веле Алексоски е еден од основачите на неделникот „Македонско сонце“ а бил и негов главен и одговорен уредник. Во својство на претседател на Светскиот македонски конгрес за Европа бил ангажиран и учствувал на митинзи организирани во поголемите европски градови за признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име.

Има издадено повеќе трудови на Француски јазик од филолошка проблематика, написи на Германски јазик со национална историска тематика, а во 1993 година ја издава книгата „Вистината за Македонија низ француската историографија“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Веле Алексоски (биографија)“. Агенција за иселеништво на Р. Македонија. Посетено на 2016-10-03.