Василе Цапески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Василе Цапески
Роден 1923 година
Белица (Кичевско), Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал април, 1945
Шид, Србија
Националност Македонец

Василе Цветанов Цапески ( 1923 во Белица (Кичевско)1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Чешма со спомен-плоча од НОБ во селото Белица, Кичевско. На која е запишано ѝ името на Василе Цапески.

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште бил принуден да оди на печалба во Белград, каде го затекнала окупацијата. Немајќи услови да работи во разрушениот Белград, се вратил назад во своето родно село. Работел извесно веме во своето село, а потоа, како напреден младинец, во пролетта 1944 година, доброволно стапил во Народноослободителната војска на Македонија. Во есента 1944 година бил распореден во единиците на Првата македонска бригада. По многубројните борби што ги водела бригадата на теренот во Западна Македонија за ослободување на: Охрид, Струга и Кичево, заминал на Сремскиот Фронт, каде загинал во април 1945 година помеѓу Славонска Пожега и Шид.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 143.