Вариола вера (филм од 1982)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вариола вера е југословенски филм од 1982 година, во режија на Горан Марковиќ кој е автор и на сценариото, заедно со Милан Николиќ. Главните улоги ги толкуваат: Раде Шербеџија, Душица Жегарац, Варја Ѓукиќ, Ерланд Јозефсон, Раде Марковиќ, Владица Милосављевиќ, Богдан Диклиќ, Александар Берчек, Петер Карстен, Радмила Живковиќ, Семка Соколовиќ-Берток, Мило Мирановиќ, Џемаил Максут итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во општата болница во Белград е примен тешко болен пациент со непознати симптоми. Лекарскиот тим во болницата поставува погрешна дијагноза и не му обрнува многу внимание на болниот, кој набргу умира. По некое време се утврдува дека тој умрел од сипаници (вариола вера) - опасна заразна болест. Затоа, болницата е затворена во карантин и никој не смее да влезе во неа ниту да излезе надвор. Заразата се шири во рамките на болницата при што умираат неколку пациенти, лекари и медицински персонал. Вработените во болницата реагираат на различни начини: директорот (го игра Марковиќ) се затвора во својата канцеларија со цел да се спаси себеси; д-р Груиќ (го игра Шербеџија) запаѓа во апатија; сестрата Зага (ја игра Живковиќ) извршува самоубиство; д-р Марковиќ (ја игра Жегарац) несебично им помага на пациентите; д-р Кенигсмарк се бори со епидемијата, но потоа се откажува од борбата итн. Во болницата се наоѓа и младата лекарка Ускоковиќ (ја игра Ѓукиќ) чиј вујко е висок политички функционер. Тој се обидува да ја извлече од болницата, но наместо да побегне, таа одлучува да ја спаси својата колешка, која претрпува инфаркт. Во меѓувреме, Душко, колега на д-р Ускоковиќ од студентските денови доброволно влегува во болницата, зашто е вљубен во неа, но набргу тој умира од непознати причини. Д-р Груиќ се заразува со болеста, но останува жив. Најпосле, власта објавува дека епидемијата е победена...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]