Валериј Брумел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Валериј Брумел
Valeriy Brumel 1966.jpg
Валериј Брумел во 1966 година
Лични податоци
Полно имеВалериј Николаевич Брумел
Роден(а)14 април 1942(1942-04-14)
Разведки, Амурска област, СССР
Починал(а)26 јануари 2003(2003-01-26) (воз. 60 г.)
Москва, Русија
Висина&100000000000000018500001.85 м
Тежина79 kg (174 lb)
Спорт
ЗемјаСССР СССР
СпортАтлетика
ДисциплиниСкок во височина
КлубБуревестник Москва
Повлечен(а)1970
Успеси и титули
Лични рекорди2.28 метри (1963 г.)[1]

Валериј Николаевич Брумел (14 април 1942 – 26 јануари 2003)[2] — советски атлетичар кој се натпреварувал во дисциплината скок во височина. Олимписки шампион од Летните олимписки игри 1964 во Токио и повеќекратен светски рекордер, тој се смета за еден од најдобрите атлетичари кои се натпреварувале во дисциплината скок во височина во историјата.

Неговата меѓународна спортска кариера била завршена поради сообраќајна несреќа во 1965 година.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Брумел бил роден во село во источен Сибир во семејство на геолози кои го истражувале регионот.[3] Семејството подоцна се преселило во Луганск, каде неговите родители предавале во локалниот универзитет. Брумел започнал да се занимава со скок во височина на 12-годишна возраст во Луганск, трениран од Пјотр Штајн. На 16-годишна возраст тој веќе прескокнал 2 метри. Тој ги подобрил своите вештини под водство на тренерот Владимир Дјачков во Москва. Во 1960 година тој го соборил рекордот на СССР прескокнувајќи 2.17 метри, со што бил вклучен во советската олимписка екипа. На Летните олимписки игри 1960, тој прескокнал иста висина како победникот Роберт Шавлакадзе, но со повеќе обиди, па така го освоил сребрениот медал.[2] Во периодот од 1961 до 1963 година тој шест пати го соборувал светскиот рекорд во скок во височина, подобрувајќи го од 2.23 метри на 2.28 метри.[4] На Летните олимписки игри 1964, Брумел го освоил златниот медал со прескокнати 2.18 метри, подобрувајќи го олимпискиот рекорд за 2 центиметри.[1][5]

Откако бил непоразен во 1965 година, Брумел се здобил со неколку фрактури на десното стапало во сообраќајна несреќа со мотор, и се соочил со ампутација. Тој успешно бил опериран од професорот Гаврил Илизаров со новата постапка на зголемување на коските со илизаровиот апарат. Сепак, дури и по 29 извршени операции, тој не успеал потполно да закрепне. Тој се повлекол од атлетиката во 1970 година откако прескокнал 2.06 метри на локално натпреварување.[1][5]

По пензионирањето, Брумел започнал да глуми и да пишува. Тој глумел во филмовите Спорт, Спорт, Спорт (1970) и Право на скок (Право на прыжок) (1971) и напишал бројни романи и драми, вклучувајќи го романот Не се менувај себе си (1979), кој бил преведен на седум јазици, и либретото на операта Златната каравела (Золотая каравелла) на Рауф Гадџиев.[1][5]

На 21 ноември 2014 година, Брумел бил примен во куќата на славни на ИААФ.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Брумел имал два браќа, Олег (1944–2005) и Игор, руски политичар роден во 1952 година во Ростов.[6] Брумен бил венчан три пари. Неговата прва жена, Светлана Лазарева, која била натпреварувачка во ритмичка гимнастика, го оставила со нивниот син во 1965 година, кога Брумел закрепнувал од сообраќајната несреќа. Во 1973 година Брумел се венчал со Јелена Петушкова, натпреварувачка во коњички спорт и олимписка шампионка во дресирање од игрите во 1972 година. Парот се разделил 18 месеци подоцна поради ненадминливи разлики. Тие имале ќерка, Влада Петушкова, родена во 1974 година, која била израсната од нејзината мајка.[7] Во 1992 година, Брумел се венчал со Светлана Белоусова, која подоцна го основала и управувала фондот Валериј Брумел. Тие имале еден син, Виктор.[5][8]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Рекорди
Претходник
САД Џон Томас
Светски рекордер во скок во височина
1961-06-18 – 1970-11-08
Наследник
Кина Ни Чин-Чин