Прејди на содржината

Вага (хороскопски знак)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вага (астрологија))
Вага

Хороскопскиот знак Вага (латински: Libra, грчки: Ζυγός) го носат оние коишто се родени помеѓу 23 септември и 22 октомври. Со овој знак владее планетата Венера. Симболот Знакот на вагата сугерира вага, амблемот на правдата, или мост.

На пат низ зодијакот

[уреди | уреди извор]

На седмиот степен се случува полукруг - тоа е точката на свртување. Свеста за спротивностите го поттикнува човекот на помирување, а правдата ја воспоставува со тоа што ги зема предвид правата и обврските и на двете страни. Комбинацијата на позитивното со кардиналното и соживувањето со воздухот, носи исполнување на своите цели не со сила, туку со шармот на својата владетелка Венера.

Мотивација

[уреди | уреди извор]

Вагата е мислител, го сфаќа општественото уредување во кое живее и се обидува да им помогне на другите да бидат во добри односи. Онаму каде Близнаците ги гледаат разликите, Вагата се обидува да изгради мостови. Навистина е позната како миротворец. Вагите се вешти во изнаоѓање компромиси. На лично ниво, Вагата никогаш нема да каже „не“, па ветува повеќе отколку што може да исполни.

Во работа и интереси

[уреди | уреди извор]

Вагите одговараат за работни места каде нивниот природен шарм може да дојде до израз. Најдобро работат во тивка и пријатна околина. Не сакаат работа со раце, ниту рутински обврски. Вагите често ги има во менаџерските професии, во брачните советувалишта, во политиката, правосудството, во дипломатијата. Нивното сфаќање на уметноста ги претвора во критичари или продавачи на уметноста од било кој вид. Во целина, Вагите не сакаат физички активности, освен можеби танцувањето, што им обезбедува можност за додворување, а жените Ваги слободното време го трошат на шопинг и дотерување.

Домашен живот

[уреди | уреди извор]

Во домот на Вагите сте добредојдени во било кое време, но таму каде што ќе сакате да седнете, натрупано е со предмети. Ако сте сами, вашиот домаќин Вага ќе покани некој од спротивниот пол да ви прави друштво. Од вас не се очекува да се оддолжите на нивната гостољубивост, но ќе треба да покажете дека ви е пријатно. Домот е навистина пријатен, и веројатно повеќето нешта се купени на кредит, затоа што Вагите немаат трпеливост да чекаат. Немојте да се зачудите ако вашиот домаќин Вага си дремне додека сте на гости кај него. Домот на Вагите е секогаш отворен за другарчињата на нивните деца.

Зборови што ја опишуваат Вагата

[уреди | уреди извор]

Важи за двата пола: разумна, пријатна, шармантна, дипломатична, соработува, праведна, љубезна, со вкус, со разбирање. Понекогаш: екстравагантна, нерешителна, мрзлива, свртена кон луксуз, лесноверна.

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.