Википедија:Правила за гласање
Правилата за гласање го опишуваат начинот на којшто се постигнува консензус и се носат одлуки на Википедија на македонски јазик. Правилата главно укажуваат колкаво е времетраењето на гласањето, кој има право на глас, на кој начин може да се гласа и како се затвора гласањето. Пропишани се различни правила за следните видови гласања: 1) доделување/одземање на кориснички права, 2) прогласување/ревизија на избрана содржина и 3) гласање за начела, напатствија и новини.
Видови гласање
[уреди извор]Доделување/одземање на кориснички права
[уреди извор]Во случај кога е поднесено барање за доделување администраторски статус, одземање на администраторски статус или доделување на оценувачки статус важат следните правила:
- времетраењето на гласањето е 7 дена;
- право на глас имаат сите корисници кои имаат создадено корисничка сметка постара од 6 месеци и имаат направено најмалку 500 уредувања на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето; и
- одлуката за доделување/одземање на статусот се носи со примена на двотретинско мнозинство, односно бројот на гласови „За“ е потребно да биде најмалку две третини од вкупниот број на дадени гласови, и доколку вкупниот број на гласови „За“ изнесува најмалку пет.
Прогласување/ревизија на избрана содржина
[уреди извор]Во случај да е поднесен предлог за прогласување на избрана статија или ревизија на избрана статија важат следните правила:
- времетраењето на гласањето е 7 дена;
- право на глас имаат сите корисници кои имаат создадено корисничка сметка постара од 6 месеци и имаат направено најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето; и
- одлуката за прогласување/ревизија на избрана содржина се носи со примена на двотретинско мнозинство, односно бројот на гласови „За“ е потребно да биде најмалку две третини од вкупниот број на дадени гласови, и доколку вкупниот број на гласови „За“ изнесува најмалку три.
Гласање за начела, напатствија и новини
[уреди извор]Во случај да е отворена дискусија на селската чешма во којашто се бара носење одлука од страна на заедницата заради воведување и изменување на начела и напатствија, заради изменување и дополнување на прирачникот за стилот и начинот на уредување, заради промена на изгледот на главната страница или заради други теми поврзани со уредувањето важат следните правила:
- времетраењето на гласањето е 7 дена;
- право на глас имаат сите корисници кои имаат создадено корисничка сметка постара од 6 месеци и имаат направено најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето; и
- одлуката за доделување/одземање на статусот се носи со примена на просто мнозинство, односно бројот на гласови „За“ е потребно да биде најмалку половина од вкупниот број на дадени гласови, и доколку вкупниот број на гласови „За“ изнесува најмалку пет.
Други гласања
[уреди извор]Постојат гласања коишто не спаѓаат во еден од претходно споменатите три вида и за нив важат посебни правила коишто мора да бидат јасно наведени на страницата на којашто се спроведува гласањето (на пр. гласање за избор на јубилејни статии). За воведување или изменување на таквите правила за гласање се применуваат правилата за гласање за правила, политики и новини. Дополнително, одлучувањето по барања поднесени на огласната табла за администратори не се опфатени со правилата опишани на оваа страница и за нив се одллучува врз основа на проценка на тежината на аргументите во дискусијата наместо со примена на демократско гласање.
Измена на правила за гласање
[уреди извор]Правилата за гласање опишани на оваа страница можат да бидат изменети преку дискусија и гласање за коешто се применуваат правилата за гласање за начела, напатствија и новини.
Поврзано
[уреди извор]
|