Буркини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жена во буркини

Буркини – вид женски костим за капење дизајниран од Ахеда Занети во Австралија.[1]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Зборот буркини е составен од „бур“ земен од бурка и „кини“ земен од бикини или монокини. Буркини (две варијанти на англиски: англиски: burqini англиски: burkini) е заштитена марка од Ахеда Занети во 2006 година. [2] Иако заштитена марка зборот станал генерички поим за костими за капење со овој облик.[3]

Опис[уреди | уреди извор]

Целта на овој дизајн е да се усогласи со исламската традиција за скромна облека. Костимот го покрива целото тело освен лицето, дланките и стапалата и е доволно лесен за да овозможи пливање. Наликува на целосен неопренов комбинезон за водни спортови, но се изработува од материјал кој полесно се суши и не е термички изолатор. ]].[4] Zanetti's company Ahiida owns the trademarks to the words burqini and burkini, but they have become generic terms for similar forms of Islamic swimwear.[5]

Полемика[уреди | уреди извор]

Во август 2009 година, во Франција жена била спречена да се капи во јавен базен затоа што била облечена во буркини. Во тоа време во тек била полемика за муслиманската облека. Истото правно било оправдувано со законот кој забранува капење во улична облека. [6] Во август 2016 година, градоначалникот на Кан ги забранил буркините повикувајќи се на можната врска со исламскиот екстремизам. [7] Уште неколку француски градови, вклучувајќи ја и Ница се придружиле на забраната. .[8] Забраната ја поддржале бројни француски политичари, од претседателката на антиимиграцискиот Национален фронт, Марин Ле Пен, до социјалистичкиот премиер Мануел Валс, и предизвика критики и потсмев како во Франција така и во странство, особено во англофонските земји. [9][10][11]

Во 2014 година некои приватни базени во мароканските туристички центри го забранија буркиното повикувајќи се на „хигиенски причини“, што предизвика политичка полемика. [12]

Употреба[уреди | уреди извор]

Буркините се здоби со популарност во Израел, како кај ортодоксните Евреи, така и меѓу муслиманите и се нарекува „буркини“ или „скромен костим за капење“.[13]

Во Австралија буркините го носат женските спасувачи на плажа. [1][14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "The surprising Australian origin story of the burkini", Sydney Morning Herald, 19th August, 2016.
  2. „Burkini®, une marque déposée en 2006 en Australie“.  Unknown parameter |jour= ignored (помош); Unknown parameter |éditeur= ignored (помош); Unknown parameter |nom= ignored (помош); Unknown parameter |prénom= ignored (помош); Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |langue= ignored (помош); Unknown parameter |année= ignored (помош); Unknown parameter |mois= ignored (помош)
  3. Adam Taylor. „The surprising Australian origin story of the ‘burkini’“, Washington Post, 17 август 2006.
  4. Taylor, Rob. „Not so teenie burqini brings beach shift“, 17 јануари 2007.
  5. Adam Taylor. „The surprising Australian origin story of the ‘burkini’“, Washington Post, 17 август 2006.
  6. „French pool bans 'burkini' swim“. 2009-08-12. 
  7. Cannes bans burkinis over suspected link to radical Islamism“, „BBC News“, 12 август 2016.
  8. Nice joins growing list of French towns to ban burqini“, „The Local.fr“, 19 август 2016.
  9. Christina Okello. „France's burkini row revives debate on Islam and secularism“, RFI, 19 август 2016.
  10. Critics say France's ban on beach burkinis absurd, illogical, raises questions over French way of integration“, AFP/The Straights Times, 20 август 2016.
  11. Burkini bans cause ripples in France, consternation abroad“, AFP/Bangkok Post, 18 август 2016.
  12. „No Burkinis! Morocco hotels ban ‘halal’ suit“. Al Arabiya News. August 26, 2014. 
  13. אופנת בגדי הים החדשה במגזר החרדי (In Hebrew)“, Haaretz, 11 август 2012.
  14. "Why do some people find the burkini offensive?", BBC, 20th August 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]