Бојчиновци

Координати: 43°28′27″N 23°20′11″E / 43.474124° СГШ; 23.336273° ИГД / 43.474124; 23.336273
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бојчиновци
Бойчиновци
град
Поглед на железничката станица во Бојчиновци
Поглед на железничката станица во Бојчиновци
Бојчиновци is located in Бугарија
Бојчиновци
Бојчиновци
Местоположба на Бојчиновци во Бугарија
Координати: 43°28′27″N 23°20′11″E / 43.474124° СГШ; 23.336273° ИГД / 43.474124; 23.336273
ЗемјаБугарија
ОбластМонтана
ОпштинаБојчиновци
Управа
 • ГрадоначалникСветлин Сретениев (Бугарска Нова демократија)
Површина
 • Вкупна16,609 км2 (6,413 ми2)
Надм. вис.&10000000000000105000000105 м
Население (2022)
 • Вкупно1.418
 • Густина85/км2 (220/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код3430
Повик. бр.+359 09513
Мреж. местоboychinovtsi.bg

Бојчѝновци (бугарски: Бойчиновци) — гратче во северна Бугарија, административен центар на општината Бојчиновци во Монтанската Oбласт. Има население од околу 1.418 жители (2022).[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Гратчето се наоѓа на границата помеѓу Дунаската Рамнина и Предбалканот на 20 км североисточно од регионалниот центар Монатана. Во близина е сливот на реката Ботуња во Огоста. Бојчиновци е важен железнички јазол на линијата СофијаВидин.

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата била основана околу 1600 година, кога првите ѝ жители побегнале од селото Затворник кај денешното село Белотинци. Причината за нивното преселување била бесната чума.[2]Доселениците како најдобро место за населување избрале месноста „Селиштето“, која се наоѓа северозападно од сегашната локација на градот. Веднаш по Ослободувањето на Бугарија, Бојчиновци броел 300-400 луѓе. Бројот на населението почнал забрзано да расте дури во 1910-1911 година, кога била поставена железничката линија Софија – Видин. До 1916 година, населението на Бојчиновци брзо се зголемило и достигнало 1.142 жители. Во 1945 година во Бојчиновци била изградена најголемата индустриска фабрика во северозападна Бугарија, ДИК „Гаврил Генов“. Со државен Указ бр. 944 од 4 септември 1974 година Бојчиновци бил прогласен за град.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]