Благоја Колев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благоја Колев
Роден 2 февруари 1930
Свети Николе, Кралство Југославија
Починал 15 јули 2021 (возраст: 91)
Националност Македонец
Занимање архитект
урбанист
Сопружник Елена Колева
Деца Ана Шукарова

Благоја Колев (2 февруари 1930 година во Свети Николе15 јули 2021) — македонски архитект и урбанист.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Благоја Колев дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1955 година, а докторирал во Белград во 1981 година. Како проектант работел во Заводот за урбанизам на СРМ и во Заводот за урбанизам и архитектура на Град Скопје. Редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Неговото творештво од областа на архитектонско-урбанистичко проектирање е богато и разновидно. Учествувал во изработката на просторно-урбанистичките планови на Скопје. Се занимава и со публицистичка дејност и со сликарство.

Позначајни реализации:

  • Домот на културата во Куманово (1974);
  • Стопанска банка во Скопје (1975)
  • Хотел „Панорама” во Крушево (1978);
  • објектот на НИП „Нова Македонија” (1985).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ковачев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 712. Text "series " ignored (help)