Битка кај Бафеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битка кај Бафеј
Дел од the Османлиско-византиски војни
Датум 27 July 1302
Место Помеѓу Никомедија и Никеја, Битинија
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
[[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Византија Османлиско Царство Османлиска империја
Команданти и водачи
Георг Музалон Осман I
Сила
~2,000[1][2] ~5,000 [2]

Битката кај Бафеј (турски: Koyunhisar Savaşı) се одвила на 27 јули 1302 година помеѓу силите на Османлиската империја на чело со Осман I и силите на Византија на чело со Георг Музалон. Битката завршила со победа на Османлиите, која го најавила постепеното заземање на византиската територија во корист на Османлиите. Претходно Османлиите во опсада ги ставиле градовите Никеја, кој бил империјален град и Бурса.[3]Турските напади претставувале и закана за градот Никомедија. За да го спречи ова, царот Андроник II Палеолог (1282-1328) испратил армија од околу 2.000 војници да го ослободат градот.[2][4][5]

Така битката се случила кај Бафеј, место кое очигледно се наоѓа помеѓу Никомедија и Никеја на 27 јули [1302] година. Во битката, Османлиите успеале да го скршат отпорот на Византијците, притоа принудувајќи ги да се повлечат кон Никомедија.[2][6][5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kazhdan (1991), p. 251
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Bartusis (1997), p. 76
  3. Kazhdan (1991), pp. 1539–1540
  4. Kazhdan (1991), pp. 251, 1421
  5. 5,0 5,1 Nicol (1993), p. 126
  6. Kazhdan (1991), pp. 251, 1421