Прејди на содржината

Бирмингем (Алабама)

Од Википедија — слободната енциклопедија
За градот во Велика Британија, видете Бирмингем.

Поглед на градот

Бирмингем (англиски: Birmingham) е најголемиот град во Алабама, САД, административен центар на округот Џеферсон. Основан е во 1871 како центар на црната металургија и е наречен по англискиот град Бирмингем. Населението во Бирмингем изнесува 196,644 жители (2023). Има железнички јазол, пристаниште и аеродром на 8 км од градот. Развиени се металуршката, коксовохимичната, машиностроителната и оружената индустрија.

Познати личности од Бирмингем

[уреди | уреди извор]

Во Бирмингем е родена глумицата Кортни Кокс (р. 1964) и Гил Хил (р. 1931) - полициски офицер, глумец и политичар, познат со учеството во трилогијата Ченг од Беверли Хилс, каде што ја игра улогата на инспекторот Тод од Детроитската полиција.

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]