Бигл (брод)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бродот „Бигл“ во 1837 тргна да ја истражува Австралија, а ова е цртеж од Овен Стенли во 1841 година.

ХМС Бигл ( Бродот на Неговото Височество „Бигл“) бил борбен брод со десет топови, втор брод на Кралската морнарица на Велика Британија кој го носел тоа име. Бродот е именуван по расата на кучиња Бигл (англиски: beagle). За време на прославата на крунисувањето на Џорџ IV, Бигл бил првиот брод кој што поминал под новиот Лондонски мост. Од 27 декември 1831 година до 2 октомври 1836 година, Чарлс Дарвин на овој брод ја извршил својата истражувачка експедиција.

Во историјата на британската кралска морнарица, осум бродови го носеле името „Бигл“, но само овој брод се здобил со светска слава.

Историја[уреди | уреди извор]

На 11 мај 1820 година од Докот Вулвич на Темза бродот Бигл бил за прв пат спуштен во вода. Овој брод бил изграден за 7803 фунти. Во јули истата година, Бигл учествувал на поморската парада на прославата во чест на крунисувањето на Џорџ IV и бил првиот воен брод кој пловел по Темза подалеку од Лондонскиот мост. Во 1825 година, Бигл беше претворен во брод за истражувачки цели и учествувал во четири хидрографски експедиции.

Надолжен пресек на „Бигл“ (1832)

Учествувал во хидрографската експедиција (1826-1831) надгледувана од Филип Паркер Кинг, која била ангажирана за премер на јужниот брег од Јужна Америка која прво била под команда на капетан Стоукс, а потоа поручникот Роберт Фицрој.

На втората експедиција (27 декември 1831 година - 2 октомври 1836 година), под команда на капетанот од трет ранг Роберт Фицрој, присуствувал и младиот природонаучник Чарлс Дарвин, чии што трудови го направија „Бигл“ еден од најпознатите бродови во историјата. За време на оваа експедиција, Бигл ја обиколил Јужна Америка, по што, откако ги посетил Нов Зеланд и Австралија, се врати во Англија, правејќи патување околу светот.

По враќањето од патување околу светот, Бигл тргнал на следната хидрографска експедиција (1837 - 1843). Во периодот од 1837 до 1841 година, под команда на Џон Викем, бродот бил на картографско истражување на северниот брег на Австралија. Од 1841 до 1843 година, било извршено истражување на брегот на Нов Зеланд. Со бродот командувал Џон Стоукс, кој го заменил Викем, кој се повлекол од флотата поради здравствени причини. И двајцата офицери претходно служеле под команда на Роберт Фицрој и учествувале во патувањето на Бигл околу светот.

По 1845 година, бродот бил претворена во царински патролен брод и извршувал крајбрежна должност во Саутенд, на устието на реката Темза .

Во 1870 година бил продаден за да биде расклопен.

Во чест на „Бигл“[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Меллерш Г. Е. Фицрой — капитан «Бигля» / Пер. с англ. Г. А. Островской. — Л.: Гидрометеоиздат, 1975. — 256 с. — 200 000 экз.

Врски[уреди | уреди извор]

  • Darwin, Charles. Narrative of the surveying voyages of His Majesty's Ships Adventure and Beagle between the years 1826 and 1836, describing their examination of the southern shores of South America, and the Beagle′s circumnavigation of the globe. Journal and remarks. 1832–1836. (англ.) : journal. — London: Henry Colburn, 1839. — Vol. III.
  • FitzRoy, Robert. Sketch of the Surveying Voyages of his Majesty's Ships Adventure and Beagle, 1825–1836. Commanded by Captains P. P. King, P. Stokes, and R. Fitz-Roy, Royal Navy. (Communicated by John Barrow) (англ.) // Journal of the Geological Society of London  (англ.) : journal. — 1836. — Vol. 6. — P. 311—343.
  • FitzRoy, Robert. Narrative of the surveying voyages of His Majesty's Ships Adventure and Beagle between the years 1826 and 1836, describing their examination of the southern shores of South America, and the Beagle′s circumnavigation of the globe. Proceedings of the second expedition, 1831–36, under the command of Captain Robert Fitz-Roy, R.N. (англ.) : journal. — London: Henry Colburn, 1839. — Vol. II.