Тристан да Куња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тристан да Куња
Tristan da Cunha
Знаме Грб
ГеслоНашата вера е наша сила
Our faith is our strength
ХимнаБоже, чувај го Кралот
Локацијата на Тристан да Куња во Атлантскиот Океан.
Локацијата на Тристан да Куња во Атлантскиот Океан.
Локацијата на Тристан да Куња во Атлантскиот Океан.
Главен градЕдинбург на Седумте Мориња
37°4′S 12°19′W / 37.067° ЈГШ; 12.317° ЗГД / -37.067; -12.317
Најголем најголема населба Главен град
Службен јазик англиски
Демоним Тристански
Дел од Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња
Лидери
 •  Монарх Чарлс III
Основана
 •  Населен во 1810 
 •  Дел од колонијата ’Рт на Добра Надеж (на ОК) 14 август 1816[1] 
 •  Дел од Света Елена 12 јануари 1938 
Површина
 •  Вкупна 207 км2 
 •  Главен остров 98 км2
Население
 •  Попис 2015 302 
 •  Густина 1.4 жит/км2 
Валута Британска фунта (£) (GBP)
Часовен појас GMT (UTC​)
Се вози на лево
НДД немаa
Повик. бр. +290
а. се користат .sh или .uk.

Поштенски број: TDCU 1ZZ

Тристан да Куња (англиски: Tristan da Cunha, португалски: Tristão da Cunha) — група од острови во јужниот дел на Атлантикот, 2816 километри од Јужна Африка и 3360 километри од Јужна Америка. Административно, острвите се дел од британските прекоморски територии Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња.

Територијата се состои од главниот остров Тристан да Куња, со површина од 98 км2, како и од неколку ненаселени острови како што се Непристапниот Остров (10 км2) и Славеевите Острови (1,8 км2). На оваа територија припаѓа и островот Гоф (91 км2), 395 километри југоисточно од Тристан) на кое е поставена метеоролошка станица.

Историја[уреди | уреди извор]

Островот првпат бил откриен од страна на португалскиот морепловец Тристан да Куња во 1506 година. Главиот остров го именувал според своето име(португалски: Ilha de Tristão da Cunha).

Во 1815 година Обединетото Кралство ги припоило овие острови и со нив владеело преку колонијата ’Рт на Добра Надеж во Јужна Африка. Од 1938 година, островите се придружни територии на Света Елена а од 2009 година е дел од прекуморската територија Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња.

Вулканската ерупција во 1961 година го натерала скоро целото население на евакуација во Англија, во воената база близу Саутхемптон. Поголемиот дел од жителите се вратиле на островот во 1963 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Crawford, Allan (1982). Tristan da Cunha and the Roaring Forties. Charles Skilton. стр. 20. Посетено на 13 August 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]