Белка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сурова жолчка од јајце опкружено со белка

Белка — проѕирна течна материја околу жолчката во јајцето.[1][2] Кај кокошките се формира од слоевите на секрети на предниот дел од јајцеводот на кокошката за време на преминувањето на јајцето.[3] Се јавува околу оплодени или неоплодени жолчки. Примарна природна цел на белките е да се заштитат жолчките и да се обезбеди дополнителна исхрана за раст на ембрионот (кога се оплодува). Белката првенствено се состои од околу 90% вода во која се раствораат околу 10% протеини (вклучувајќи албумин, мукопротеин и глобулин). За разлика од жолчката, кој содржи многу липиди (масти), белката речиси и да не содржи маснотии, а содржината на јаглехидрати е помала од 1%. Белките содржат околу 56% протеини во јајцето. Белките имаат многу употреби во храната, како и многу други намени (на пр. во подготовката на вакцини како што се оние против грип[4]).

Состав на белката на кокошкино јајце[уреди | уреди извор]

Белката сочинува околу две третини од тежината на пилешкото јајце, од кои околу 90% се вода, а остатокот се протеини, минерали, масти, витамини и гликоза. Едно пилешко јајце со средна големина содржи околу 33 грама белка со 3,6 грама протеини, 0,24 грама јаглехидрати и 55 милиграми натриум. Не содржи холестерол. Содржината на енергија е околу 17 калории. Белото јајце е алкален раствор и содржи околу 148 протеини.[5][6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „белка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „белка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Ornithology, Volume 1994 By Frank B. Gill p. 361
  4. James, John M.; Zeiger, Robert S.; Lester, Mitchell R.; Fasano, Mary Beth; Gern, James E.; Mansfield, Lyndon E.; Schwartz, Howard J.; Sampson, Hugh A.; Windom, Hugh H. (1998). „Safe administration of influenza vaccine to patients with egg allergy“. The Journal of Pediatrics. 133 (5): 624–8. doi:10.1016/S0022-3476(98)70101-5. PMID 9821418.
  5. „Anatomy of an Egg“. exploratorium.edu (англиски). Посетено на 15 април 2017.
  6. McGee, Harold. On Food and Cooking: The Science and Lore of the Kitchen. New York: Scribner, 2004