Беата Шидло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Беата Шидло
Beata Szydło
Податотека:Beata Szydło (2016 cropped).jpg
Премиер на Полска
Стапува
ноември 2015
Претседател Анджеј Дуда
Претходник Ева Копач
Пратеник на Сејмот
На должноста
Стапил
25 септември 2005
Изборна единица 12 — Хшанув
Лични податоци
Роден(а) Беата Кусињска
15 април 1963 (1963-04-15) (56 г.)
Ошвјенќим, Полска
Националност Полјачка
Партија Право и правда
Сопружник Едвард Шидло
Деца Тимотеуш,
Блажеј
Вероисповед католичка
Портал beataszydlo.pl

Беата Марија Шидло (полски: Beata Maria Szydło; 15 април 1963) — полска политичарка и премиер на Полска. Како потпретседател на националконзервативната партија Право и правда, предводела две успешни кампањи во претседателските и парламентарните избори во 2015 г. Со победата на партијата, била назначена за премиерски кандидат[1][2], а потоа застанала на таа функција.

Детство и младост[уреди | уреди извор]

Родена е во скромно семејство на татко рудар во градот Ошвјенќим (Аушвиц) со моминско презиме Кусињска, а пораснала близу Бжешче.[3] Во 1989 г. дипломирала етнографија на Јагелонскиот универзитет во Краков.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

На возраст од 35 години е избрана за градоначалник на Општина Бжешче, а во 2005 г. станала пратеник од Хшанув на Сејмот (собранието на Полска) од партјата Право и правда, со освоени 14.447 гласови.

На партискиот конгрес на 20 јуни 2015 г. Шидло е изгласана за кандидат за премиер на државата на општите избори истата година.[4] Право и правда победила на изборите со освоени 37,6% од гласачкото тело наспроти Граѓанска патформа, со 24,1% од гласовите. Со тоа, Шидло ја заменила Ева Копач на премиерското место.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Шидло е мажена и има два сина, од кои едниот е ѓакон, а другиот медицинар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Poland's Law and Justice to have parliamentary majority“. Radio Poland. 27 October 2015. конс. 29 October 2015. 
  2. Alex Duval Smith (26 October 2015). „Poland lurches to right with election of Law and Justice party“. The Guardian (UK). конс. 29 October 2015. 
  3. Adam Easton (26 October 2015). „Beata Szydlo: Polish miner's daughter set to be PM“. BBC Online. конс. 29 October 2015. 
  4. „PiS picks Szydło as candidate for PM“. Warsaw Business Journal. 22 June 2015. конс. 3 July 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]