Ајнару (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ајнару
Ainaro
Општина
Село Маубисе
Село Маубисе
Знаме на Ајнару
Знаме
Мапа на Источен Тимор, истакнувајќи ја општината Ајнару
Мапа на Источен Тимор, истакнувајќи ја општината Ајнару
Држава Источен Тимор
Главен градАјнару
Површина
 • Вкупна804 км2 (310 ми2)
Население
 • Вкупно63 136
 • Густина79/км2 (200/ми2)
Часовен појасUTC+9 (UTC+9)
ИЧР (2017)0.560 medium

Ајнару (португалски: Município Ainaro, тетум: Munisípiu Ainaru) е една од 13-те општини на Источен Тимор, во југозападниот дел на земјата. Има население од 63 136 жители (попис 2015 година) и површина од 804 км².[1] Нејзин главен град е градот Ајнару, мал планински град.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Зборот Ainaro е португалска апроксимација на локалниот збор Ainaru на тетумскиот јазик, што значи „високо дрво“.

Историја[уреди | уреди извор]

Ајнару имаше важна улога за време на бруталната индонезиска окупација на Источен Тимор, обезбедувајќи засолниште за герилската армија на отпорот на Источен Тимор. Поранешниот герилски лидер и сегашен претседател, Xанана Гусмао, помина многу години насочувајќи го отпорот од Ајнару.

Географија[уреди | уреди извор]

Ајнару градови и реки

Ајнару има големо изобилство на реки и плоден терен за земјоделство. Има крајбрежна област, на Тиморското Море, но исто така и планински зони, вклучително и највисоката точка во Источен Тимор, планината Рамелау (2.960 м), позната и како Татамаилау, која се наоѓа во близина на границата со Ермера.

Границите на општината се идентични со истите во португалскиот Тимор.

Црква во Ајнару

Општината се граничи со Ајлеу на север, Мануфахи на југ, Кова Лима на југозапад, Бобонару на запад и Ермера на северозапад.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Јазици[уреди | уреди извор]

Покрај официјалните јазици, тетумски и португалски јазик, голем број жители на Ајнаро зборуваат малезиски-полинезиски јазик Мамбаи.

Религија[уреди | уреди извор]

Жителите се најмногу католици, но има и значителен број на протестанти и муслимани кои живеат заедно.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис 2010“ (PDF).
  2. „Имиња на места Источен Тимор“ (PDF).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]