Викеке (општина)
Викеке Viqueque | ||
---|---|---|
Општина | ||
Полиња со ориз во Викеке | ||
Мапа на Источен Тимор, истакнувајќи ја општината Викеке | ||
Држава | Источен Тимор | |
Главен град | Викеке | |
Површина | ||
• Вкупна | 1.887 км2 (729 ми2) | |
Население | ||
• Вкупно | 73 033 | |
• Густина | 39/км2 (100/ми2) | |
Час. појас | UTC+9 (UTC+9) | |
ИЧР (2017) | 0.602 medium |
Викеке (португалски: Município Viqueque, тетум: Munisípiu Vikeke) е најголемата од општините (поранешни окрузи) на Источен Тимор. Има население од 73 033 жители и површина од 1.877 км².[1] Главниот град на општината исто така се вика Викеке.
Етимологија
[уреди | уреди извор]Зборот Viqueque е португалска верзија на локалниот збор на тетумски јазик Vikeke (или Wekeke), што значи „еродирачка вода“.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Викеке беше една од традиционалните тиморски империи со кои управуваше лиурај. За време на бунтот во Кова, Викеке ги поддржува португалските колонијални владетели со свои трупи, а во април 1896 година, Лиурајот на викеке потпишува договор за неговиот вазален статус.
Во 1943 година Јапонците го окупираат Викеке. Месното население страда од последиците од борбите меѓу јапонската армија и австралиските герилски единици на планините и ридовите. Многу Тиморци соработувале и со силите на Оската и со сојузниците.
Во 1959 избувнува бунт против португалското колонијално владеење, во кој околу 1000 Тиморци ќе бидат убиени, а голем дел испратени во егзил во Африка.
По прогласувањето на независност на Источен Тимор во 1975 година, Индонезија започна голема инвазија врз соседната земја. До октомври 1976 година беа заземени местото Викеке и врските со крајбрежјето и со Баукау на север. Од септември 1978 година, индонезиската армија започна да ги уништува базите и да ги окупира последните области на отпор во Викеке и Баукау. Луѓето беа дисперзирани или заробени. До март 1979 година, тогашните области беа целосно под индонезиска контрола. Во 1999 година, Индонезија во ООН ја повлекла контролата на источниот дел од островот и станала првата нова држава во 21 век на 20 мај 2002.
Географија
[уреди | уреди извор]Викеке е на јужниот брег на Тимор, на Тиморското Море. Се граничи со општините Баукау на север, Лаутен на исток и Манатуто на запад. Границите на тогашната област биле исти во колонијалното време.[3]
На јужниот брег, луѓето известуваат и за митови за можни појави на крокодили.
Население
[уреди | уреди извор]Викеке е татковина на малајо-полинезискиот јазик Тетум. Во Источен Тимор е ко-официјален со португалски. Во источниот дел на општината живеат говорители на папуанскиот јазик Макасае.[4]
Економија
[уреди | уреди извор]Споре пописот од 2010 година 44% од жителите работат, а 3% се невработени. 60% од домаќинствата се занимаваат со земјоделство, 84,4% со сточарство, а се практикува и рибарството на бреговите.[4]
Половина од домаќинствата одгледуваат касава, скоро исто толку пченка. Ориз, кокос и зеленчук одгледуваат околу 40% од домаќинствата. Бројките во голема мера одговараат на националниот просек, тука се засадува само ориз, скоро двојно почесто.
Кокошки и свињи се наоѓаат во три четвртини од домаќинствата во Викеке, нешто повеќе отколку во целиот Источен Тимор. Кози, говеда и биволи се наоѓаат во секое четврто домаќинство, двапати почесто од националниот просек. Истото важи и за коњите, кои ги поседува скоро секое трето домаќинство. Тие сè уште се важно превозно средство.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „статистика за Источен Тимор“ (PDF).
- ↑ „Имиња на места во Источен Тимор“ (PDF).
- ↑ „A unique relationship: North East Victoria and East Timor - ABC (none) - Australian Broadcasting Corporation“. www.abc.net.au. Посетено на 2020-11-15.
- ↑ 4,0 4,1 „Wayback Machine“ (PDF). web.archive.org. 2011-08-12. Архивирано од изворникот на 2011-08-12. Посетено на 2020-11-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Wayback Machine“ (PDF). web.archive.org. 2010-07-07. Архивирано од изворникот на 2010-07-07. Посетено на 2020-11-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)