Аршин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аршин кој се користел како мерка при ткаење

Аршин (турски: arşın) — стара антропоморфна мера за должина. Истиот бил употребуван во градежништвото, но и во други области од секојдневниот живот (трговија, занаетчиството, итн.).

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Поимот „аршин“ поттекнува од службениот јазик на Отоманското Царство сличен на персиското ареш‎.[1] Аршинот се среќава и како „зира“, „ѓира“ или „турски лакот“.

Историја[уреди | уреди извор]

Аршинот како мерка за должина се јавува за првпат кај Турците Османлии. Настанат е во моментот на експанзија на исламскиот свет како резултат на потребата за развивање на одделна единица мерка. Оваа мерка се применува на широко подрачје со различни општествено-економски и политички уредувања и во долг временски распон од неколку векови. Аршинот се среќава во средна и источна Европа, северна Африка, па сè до крајбрежјето на Црното Море и Индискиот Океан. Најстарите записи кои сведочат за примената на аршинот во блискиот регион, под името „зира“, се наоѓаат во вакуфнамето на Иса-бег Исаковиќ во Сараево од 1462 година. Аршинот станува официјална државна мерка на територијата на Македонија со доаѓањето на Турците Османлии на оваа територија и се користи сè до Балканските војни.[2]

Особености[уреди | уреди извор]

Големината на овој елемент на антропоморфниот мерен систем е одредена со растојанието помеѓу рамениот зглоб на раката до врвот на средниот прст на испружената рака (помеѓу 65 и 75 сантиметри).[2] Во официјалниот турски мерен систем бил рамен на две стапки или 24 прста.[1]

Во 19 век, во Македонија бил употребуван во три варијанти:[1]

  • градежничкиот или дулѓерскиот аршин и тој имал 75,8 сантиметри
  • трговскиот или чаршискиот за мерење на обични ткаенини имал 68 сантиметри и
  • терзискиот (ендазе), употребуван од кројачите и абаџиите и тој имал 65 сантиметри

Аршинот бил од дрво или од метал, при што дрвените аршини ги изработувале самите мајстори.[2] Оваа мерка била употребувана дури и по воведувањето на метричкиот систем за мерење во Македонија.[1]

Преносно значење[уреди | уреди извор]

Мери со различен аршин - за иста работа суди различно, различно се однесува кон луѓето, субјективно ги оценува нивните постапки[2].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 48. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Аршин“Дигитален речник на македонскиот јазик

Литература[уреди | уреди извор]

  • Хаџиева Алексиевска, Јасмина (Студентски збор, Скопје, 1985) „Мерки, антропоморфност и модуларни пропорции кај старата македонска куќа“