Аргус (џин)
Аргус или Аргос Паноптис (старогрчки Άργος, Άργος Πανόπτης, Аргус Стоокиот) е џин со сто очи од старогрчката митологија.
Митологија
[уреди | уреди извор]Аргус, чувар на нимфата Ија и син на Арестор,[1] бил првиот џин чиј епитет, „Паноптес“, „оној што гледа сè“, довел до тоа да биде опишан како суштество со многу, а често и со сто очи. Епитетот Паноптес му бил придодаден на Титанот на Сонцето, Хелиос, а исто така и на Зевс, Зевс Паноптес.
Епитетот Паноптес е опишан во делови од изгубената поема Егимиј, која му се пришишува на Хесоид:[2]
И поставил надгледувач за неа, големиот и силен Аргус, кој со своите четири очи гледа во секој правец. И божицата се восхити од неговата неуморна сила: сонот никогаш не доаѓаше на неговите очи, и тој постојано набљудуваше.
Во 5 век и подоцна, способноста на Аргус да остане буден била објаснувана на тој начин што бил прикажуван како да има многу очи, од кои само неколку спијат во одредено време, а секогаш има очи кои се будни.
Аргус бил слуга на Хера. Неговото служење на Олимписките богови било во тоа што го убил чудовиштето во форма на змија Ехидна додека таа спиела во нејзината пештера.[3] Задачата што Хера му ја дала на Аргус била да ја чува белата крава Ија (која му била љубовница на Зевс),[4] заврзана за свето маслиново дрво во Хераион Аргос.[5] Таа го обврзала Аргус да ја врзе кравата на маслиново дрво во Немеја. Хера знаела дека Ија била една од нимфите со кои Зевс општел со цел да создаде нов поредок. За да ја ослободи Ија, Зевс наредил Аргус да биде убиен од Хермес. Гласникот на Олимписките богови, преоблечен како овчар, најпрво со помош на чинки направил сите очи на Аргус да заспијат, а потоа го убил со камен, што претставува првата дамка на крвопролевање меѓу новата генерација божества.[6]
По жртвувањето на Аргус, Ија слободно скитала по земјата, но сепак, таа била мачена од божјата мува, испратена од Хера.
Според Овидиј, во спомен на Аргус, Хера ги зачувала неговите сто очи засекогаш во опашката на паунот.[4][7][8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Therefore called Arestorides (Pseudo-Apollodorus, Bibliotheca (Pseudo-Apollodorus) ii.1.3, Apollonius Rhodius i.112, Ovid Metamorphoses (poem) i.624). According to Pausanias (geographer) (ii.16.3), Арестор бил придружник на Микена, нимфата од Микена.
- ↑ Hesiodic Агимиј, fragment 294, reproduced in Merkelbach and West 1967 and noted in Burkert 1983:167 note 28.
- ↑ Хомер, Илијада ii.783; Хесоид, Теогонија, 295ff; Pseudo-Apollodorus of Athens, Bibliotheca (Pseudo-Apollodorus) ii.i.2).
- ↑ 4,0 4,1 „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 116.
- ↑ Pseudo-Apollodorus of Athens, Bibliotheke, 2.6.
- ↑ Hermes was tried, exonerated, and earned the epithet Argeiphontes, "killer of Argos".
- ↑ Ovid I, 625. Паунот бил источна птица, непозната за Грците пред времето на Александар.
- ↑ Impelluso, Lucia; Zuffi, Stefano (2003). Eroi E Dei Dell'antichità. Getty Publications. стр. 28. ISBN 0892367024. Посетено на 10 September 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Аргус (џин)“ на Ризницата ? |