Џин (митолошко суштество)
Џин е митолошко суштество со огромни димензии.
Потекло[уреди | уреди извор]
Ликот и името на џинот се од персиско потекло.[1]
Карактеристики на џинот[уреди | уреди извор]
Џинот најчесто има човечки лик, само што неговите димензии се огромни. Сепак, понекогаш, џинот е претставен и како получовек и полуживотно. Во турските бајки, џиновите се непријателски расположени кон луѓето и се хранат со нив. Понекогаш, како во турската бајка „Џинот Рузгјар“, тие се опишани како невидливи суштества кои летаат со огромна брзина и можат за еден миг да се појават или да избегаат. Често, џиновите грабнуваат девојки или царски ќерки и ги принудуваат да им бидат жени или слугинки. Посебна улога во бајките имаат мајките на џиновите. По правило, тие имаат поголем број синови кои ѝ се многу потчинети. Во турските бајки, мајките-џинови веднаш стануваат добри (дури и на штета на своите синови), ако главниот јунак ги поздрави љубезно, им бакне рака, им се поклони или ги нарече „мајчичке“.[2]
Џиновите како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Славољуб ђинџић, „Поговор“, во: Турске бајке. Београд: Народна кљига, 1978, стр. 213.
- ↑ Славољуб ђинџић, „Поговор“, во: Турске бајке. Београд: Народна кљига, 1978, стр. 213-214.
- ↑ YouTube, Young Marble Giants - Colossal Youth -Full Album- HQ (пристапено на 31.1.2017)