Прејди на содржината

Младиот великан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илустрација 1909 година

„Младиот великан“ (германски: Der junge Riese) — сказна на браќата Грим.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Еден човек имал син, малечок колку најмалото прсте на раката. Додека човекот ја орал нивата, наеднаш се појавил еден џин, кој го грабнал детето и го однел кај себе дома. Таму, неколку години, тој го хранел детето со ореви и тоа станало џин. Тогаш, детето се вратило на истата нива каде го сретнало својот татко, кој не можел да поверува дека тоа е неговиот син. Детето го испратило таткото дома, а тој самиот лесно ја изорал нивата. Кога отишло дома, неговите родители не можеле да му обезбедат доволно храна и синот решил да замине во светот. Притоа, тој го замолил татко му да оди кај ковачот и да му направи силен железен стап. Неколкупати, ковачот правел стап, но секогаш синот лесно го кршел, па така заминал од дома. Најпрвин, тој се вработил кај еден ковач, но поради својата голема сила му ја упропастил работата и веднаш си заминал, притоа удирајќи му клоци на ковачот. Потоа, тој стигнал на еден чифлиг и се договорил со сопственикот да работи бесплатно, а наместо плата, да му удри три клоци. Кога поминала една година, детето-џин сакало да си замине, но сопственикот на чифлигот го молел да остане, зашто видел дека е силен работник. Бидејќи детето не сакало да остане, сопственикот му рекол да слезе во бунарот, а потоа се обидел да го убие, фрлајќи му голем камен. Меѓутоа, детето излегло од бунарот неповредено. Тогаш, детето-џин му удрило клоца и сопственикот полетал во облаците. Потоа, тоа ѝ удрило клоца на жената на сопственикот и таа полетала в облаци. Таму, мажот и жената се карале, а детето-џин продолжило да скита низ светот.[1]

Изданија на македонски јазик

[уреди | уреди извор]
  • „Младиот великан“, во: Браќа Грим, Сказни. Наша книга, Скопје, 1972.
  1. Браќа Грим, Сказни. Наша книга, Скопје, 1972, стр. 4-11.