Прејди на содржината

Храбриот кројач

Од Википедија — слободната енциклопедија

Храбриот кројач е приказна од браќата Грим.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Додека си работел, еден кројач видел низ прозорецот како поминува селанка која продавала пекмез. Тој ја повикал селанката внатре и купил малку од пекмезот. Потоа, кројачот продолжил со работата, а во меѓувреме, на пекмезот започнале да се собираат муви. Кројачот замавнал и со еден удар отепал седум муви. Восхитен од своето „јунаштво“, кројачот си извезол појас со натписот „седум со еден удар“ и излегол да прошета.

Кога стигнал на еден рид, кројачот сретнал џин кој се одмарал и го прашал за дозвола да му се придружи. Џинот се посомневал во силата на кројачот, па затоа, тој му го покажал појасот. Џинот, кога го прочитал натписот, помислил дека кројачот убил седуммина со еден удар и, воодушевен, се согласил да го прими во друштвото, но претходно сакал да ја провери неговата сила. Затоа, џинот зел камен во шаката, го стегнал и од каменот протекло вода. Кројачот посегнал во џебот, извадил парче сирење и го стегнал, па од него бликнало вода. Потоа, џинот фрлил камен високо, а кројачот извадил од џебот врапче, го фрлил нагоре, а тоа одлетало и не се вратило назад. Џинот, мислејќи дека кројачот фрлил камен дури до небото, повторно се воодушевил од неговата сила. Најпосле, џинот кренал едно големо дрво на својот грб, а кројачот се качил на дрвото и цело време си седел, пеејќи. Кога стиганл до својата пештера, кројачот слегол од дрвото, преправајќи се дека цело време го носел на својот грб. Внатре во пештерата имало и други џинови, кои по вечерата си легнале да спијат, а кројачот се пикнал во некое крзно. Ноќта, џинот се приближил до креветот во кој требало да спие кројачот и замавнал со сета сила, цел да го убие, а потоа пак си легнал.

Ноќта, кројачот избегал од пештерата и заспал во кралската градина. Читајќи го натписот на појасот, кралот го примил кројачот во својата служба. Бидејќи генералите на кралот биле љубоморни на кројачот, тие го наклеветиле кај кралот, кој му заповедал да ги убие двата лоши џина кои го тормозеле кралството. Во шумата, кројачот ги видел џиновите, кои цврсто спиеле, се качил на едно дрво и оттаму ги гаѓал џиновите со камчиња. Секој од џиновите мислел дека го мава оној другиот, така што двајцата започнале да се борат, додека двајцата не паднале мртви. Кога пристигнале војниците на кралот, тие се зачудиле од глетката, а кројачот отишол кај кралот, барајќи да му ја даде раката не неговата ќерка. Сепак, кралот му дал уште една задача - да го фати жив еднорогот што живеел во шумата. Таму, еднорогот го напднал кројачот, но тој се скрил зад едно стебло и еднорогот се закачил со рогот на стеблото. Тогаш, кројачот го врзал еднорогот, му го пресекол рогот и го однел кај кралот. Меѓутоа, кралот му дал на кројачот и трета задача - да го фати жив страшниот вепар што живеел во шумата. Кога вепарот се стрчал по кројачот, тој се скрил во една црква, го намамил вепарот да влезе и го затворил внатре.

Така, откако кројачот ги извршил трите задачи, крало се согласил да му ја даде ќерката за жена, заедно со половина од кралството. По некое време, принцезата го слушнала кројачот како зборува во сонот и сфатила дека тој не е никаков јунак, туку обичен кројач, па му кажала на кралот, кој ѝ кажал дека ноќта ќе испрати војници за да го заробат кројачот. Сепак, тоа го слушнал слугата на кројачот, кој веднаш го известил, така што ноќта, кројачот се извлекол од креветот и ги уплашил војниците на кралот. Несреќен поради тоа што ќерката се омажила за кројач, по некое време, кралот умрел од мака, а кројачот завладеал со целото кралство.[1]

Изданија на македонски јазик

[уреди | уреди извор]

Приказната „Храбриот кројач“ е објавена на македонски јазик во повеќе наврати, и тоа самостојно или како дел од збирки со сказни од браќата Грим:

  1. Браќа Грим, Храбриот кројач, Култура, Скопје (без дата).