Ехидна (митологија)
Изглед
Ехидна (грч. Έχιδνα) во старогрчката митологија е име на ќерката на морските божества Форкиј и Кето или Геја и Тартар.[1]
Митологија
[уреди | уреди извор]Ехидна била полужена - полузмија. Ехидна заедно со стоглавото суштество Тифон родила многу деца кои биле изроди.
Нејзини потомци биле:
- Кербер - троглаво куче кое го чувало влезот и излезот од Адот;
- Ортар или Орт - двоглаво куче кое го чувало стадото на дивиот Герион;
- Немејски лав;
- Химера;
- Лернејска хидра;
- Тебанска Сфинга.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Замаровски 1985, стр. 81.