Немејски лав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Херакле се бори со Немејскиот лав
Франсиско Зурбаран, 1634.

Немејски лав во грчката митологија било суштество, кое живеело во Немеја. Вообичаено се сметал за потомок на Тифон и Ехидна, а некогаш за негови родители се сметало дека се Зевс и Селена. Го убил Херакле.

Митологија[уреди | уреди извор]

Херакле го убива немејскиот лав;
Шпанска фреска од 3 век

Хераклеовата прва од дванаесетте задачи била да го убие немејскиот лав, и како доказ да му ја донесе неговата кожа на кралот Евристиј. Кожата на тој лав била толку дебела што ниту едно оружје направено од човек или бог не можело да ја пробие, а можела да го убие само човечка рака. Херакле се обидел со лак и стрела па со тојага и бронзен меч, но не успеал. Херакле потоа го отфрлил целото свое оружје и се борел со лавот на земја. На крајот го задави и го задушил.

По неговата смрт, Херакле со часови се обидувал да му ја одере кожата. Бил бесен бидејќи мислел дека нема да успеа да ја исполни својата задача. Меѓутоа, Атина дошла преправена во старица и му помогнала да сфати дека најдобро оружје со кое би можел да ја одере лавовската кожа се лавовските канџи.

Ја исполнил задачата и ја носел непробојната кожа како свој оклоп. Кралот Евристиј кога го видел така прекриен, од страв се сокрил во голем бронзен сад. После тоа сите нови задачи на Херакле му ги задавал гласник.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]