Атена (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Атина (митологија))
Прејди на: содржини, барај
Атина, 1. век п.н.е. (Лувр)

Во грчкта митологија, Атена (грчки: Ἀθηνᾶ, Athēnâ, или Ἀθήνη, Athénē; дорски: Ἀσάνα, Asána; латински: Минерва) е била божицаа на цивилизацијата, т.е. на мудрост, ткаењето, занаетот и дисциплинарните страни на војната (насилството и крволочноста биле Аресов домен). Атинината мудрост го следи техничкото знаење потребно во ткаењето, металургијата, но истотака вклучува и лукавост (метис) ликови како што е Одисеј. Неа свети и се утовите и маслиновото дрво.

Првите приказни за Атини зборуваат за неа како божица на птиците. Првобитно е замишлена како божица со крилја, а дури и во некои митови и самата била птица - ут. затоа и е чудно што подоцна во митовите, нејзините пораки доаѓаат преку орли, соколи и сл.

Најдобра пријателка и е Ника, божица на победеата. Атина се појавува како заштитничка на многу грчки јунаци вклучубајќи го Херакле, Одисеј и Јасон. Таа е и омилена Зевсова ќерка, родена од неговата глава.