Муви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мува

Муви (Muscidae) се фамилија на двокрилци (Diptera). Мувите имаат еден пар функционални крила за летење и еден пар крила за рамнотежа, подвижна глава со пар големи и сложени очи, како и уста. Очите им се составени од илјадници поединечни леќи кои им овозможуваат широко поле на вид. Распоредот на крилата им овозможува голема маневарска способност при летањето. Најпознати видови муви се домашната мува (Musca domestica) и (Stomoxys calcitrans). [1].

Мувите како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Долгонога мува“ (Long-Legged Fly) - песна на англискиот поет В. Б. Јејтс.[2]
  • „Мува“ - краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ivo Matoničkin, Ivan Habdija, Biserka Primc-Habdija, Beskralješnjaci, biologija viših avertebrata, Školska knjiga, Zagreb, 1999. ISBN 953-0-30824-8.
  2. „W. B. Yeats“, во: Kenneth Allot, ed., The Penguin Book of Contemporary Verse 1918 – 60. Harmonsworth, Middlesex, UK: Penguin Books, 1962, стр. 47.
  3. Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 77-82.